Светот пред пресврт - жените стануваат поинтелигентни од мажите

Прв пат во последните 100 години, жените постигнуваат подобри резултати на тестовите за интелигенција од мажите.

Откако пред еден век почна тестирањето за коефициент на интелигенција IQ, жените во просек имале по пет поени помалку од мажите. Меѓутоа во последните години таа разлика се намалувала, а оваа година прв пат жените прешле во водство.

„Во последните 100 години IQ-то на жените и на мажите порасна, но кај жените тоа е многу поизразено. Тоа е последица на модернизацијата. Комплексноста на модерниот свет ги тера нашите мозоци на адаптирање и ни го зголемува коефициентот на интелигенција", вели Џејмс Флин, познат автор на IQ тестови".

Флин, кој целото истражување ќе го објави во книга, вели декафакс потребни се уште многу информации и истражувања пред да може да го објасни овој тренд. Флин собирал информации од тестовите во западна Европа, САД, Канада, Нов Зеланд, Аргентина и Естонија. „Како што станува светот покомплексен во него се бара повеќе апстрактно размислување, така луѓето се адаптираат", вели Флин.

извор Макфакс

www.doktori.mk, 18.07.2012

Последна вест

Најчитани статии - занимливости