Што е тоа епизиотомија?

студент по медицина

Епизиотомија е инцизија (хируршки рез) кој се прави на перинеумот (просторот помеѓу вагината и аналниот отвор) за време на актот на породување со цел да се овозможи зголемување на отворот на вагината.

Индикации за епизиотомија

Индикации за изведување на епизиотомија се:

  • Доколку бебето е во карлична положба;
  • Доколку бебето е големо;
  • Доколку апаратот за мерење на срцевите отчукувања кај бебето покажува дека породувањето треба да се изврши што е можно побрзо;
  • Доколку ткивото почне да крвари или се претпоставува дека ќе започне крварење со цел да се избегне спонтано раскинување на ткивото.

Предности од примена на епизиотомија

  • Се намалува траумата на ткивотот на вагината.
  • Се намалува интензитетот на туркања кои мајката треба да ги направи за време на процесот на породување.
  • Се постигнува побрзо породување во случаи кога постојат компликации каја бебето или кај мајката.
  • Помали шанси за развивање на компликации во тек на породувањето.

Компликации од епизиотомија

  • Крварење;
  • Инфекција;
  • Оток;
  • Компликации при затварање на раната;
  • Краткорочна сексуална дисфункција;
  • Болка;
  • Екстензија на аналниот сфинктер и негова дисфункција.

Начин на изведување на епизиотомија

Доколку лекарот одлучи дека е потребно да се изведе епизиотомија во тек на породувањето, на пациентката и се дава локална анастезија и се прави хируршки рез во пределот на перинеумот. После изведување на постапката, на пациентката и се дава уште една инјекција анестетик за да се превенира и да се намали болката за време на шиењето на раната. Заздравувањето на раната во најголем број случаи настанува по околу 3 недели, а кај само мал број на пациентки се регистрирани потешкотии и после еден месец од изведување на интервенцијата.

 

 

-авторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

останати статии од авторот > > >

www.doktori.mk, 16.07.2012

Последна вест

Најчитани статии - медицина