Зошто жените ги сакаат лошите момчиња?

доктор на медицина

Кога еден маж не знае нешто за една жена, тој не се плаши да побара мислење од друг кој повеќе се разбира. Или барем од други жени :) Mногу мажи ги збунува прашањето "зошто жените сакаат лоши момчиња" и често се прашувате како може Вашата мачка да се фасцинира од ништо и никој, умислен и арогантен тип.

Мислењето на Салис Барнс за ова прашање објаснето во www.divinecaroline.com е:

Лошите момци - тие имаат одреден шарм. Жените ги сакаат, умираат за нив. Додека добрите момци се посветени на давањето на комплименти и подароци без повод, лошите момци се зафатени со тоа да не одговараат на Вашите повици. И поради некоја таинствена алхемија, невраќањето на повици ги тера некои жени да се борат за нив уште повеќе.

А можеби причината не е толку таинствена. Можеби шармот на лошото момче може да се дефинира. Најверојатно две се главните причини за овој феномен: едната е повеќе прашање на култура (во општа смисла на зборот), а другата - на хемија.

 

Културната привлечност

Започнува со сексот. Сексот е моќна, основна движечка сила. За да се формираат цивилизирани општества, има основани правила за него - има одредени места каде што можеме да го правиме и луѓе со кои можеме да го правиме. Иако се неопходни, овие правила создаваат впечаток дека сексот е негативна сила. Често на него се гледа како на нескротен, див ѕвер, кој треба да се припитоми.

И токму тука доаѓа предизвикот. И покрај "колосекот", во кој не става средината, желбата за секс е секогаш внатре во нас. И, ако нешто што сакаме, е "опасно", "забрането", тогаш со кого подобро да го направиме, ако не со некој кој е исто толку опасен? Кој би можел да е подобар за тоа да се впуштите во дивата и примарна сила на сексот?

Секој пат кога еден маж се однесува лошо, не се јавува или вози премногу брзо, тој покажува дека не е заинтересиран за правилата на граѓанското општество. Тој покажува дека е подготвен да биде див и примарен. Тој покажува дека се чувствува уверен во својата сексуалност. И тоа е страшно привлечно.

 

Хемија

Љубовта на жените кон лошите момци може да се поврзе со еден збор: тестостерон. Се разбира, всушност е малку комплицирано.

Еволутивната биологија ни кажува дека сите наши однесувања еволуирале за да ни помогнат да ја привлечеме другата половина. Всушност, корпулентните  мажи се обидуваат да се докажат пред жените, дека ќе создадат силни деца и ќе одговараат за нивната заштита. Во исто време, жените се зафатени со обидите да ги привлечат мажите, кои ќе создадат силни деца и ќе ги заштитуваат.

И како една жена го прави овој избор? Често пати тоа е преку несвесното регистрирање на висок степен на тестостерон кај мажот против.

Во истражувањето спроведено од Институтот Кинси за мажественост и привлечност, мозоците на жените покажуваат повисока заинтересираност кон фотографии на мажествени мажи (дефинирани како мажи со високо ниво на тестостерон). И ако жените се во период на висока плодност, токму пред овулацијата, заинтересираноста им е дури и повисока.

Физичките квалитети како силна, широка вилица и густи веѓи се показател за високите нивоа на тестостерон во еден маж. Склоноста кон преземање на ризик исто така укажува на високо ниво на тестостерон. Всушност, 80 отсто од падобранците се мажи. Преземањето на ризик е нешто што мажите го прават, за да покажат амбиција пред потенцијалните половини. Една студија на социјалните ризици, спроведена од страна на психолози на Универзитетот во Флорида покажува дека ако на еден маж со висок тестостерон му се покаже дури и само слика на привлечна жена, тој е подготвен да преземе ризици.

Конкурентноста е исто така показател за висок тестостерон. Ако мажите со висок тестостерон загубат во играта, нивното ниво на тестостерон, всушност се зголемува. Ако човек со висок тестостерон загуби жена, нивото на овој хормон кај него се зголемува, тој станува конкурентен и ја сака повеќе.

Затоа, овој човек со високо ниво на тестостерон, може да го превземе ризикот да направи нешто "лошо", како појава на забава на која не бил поканет или спротивно на сите општествени конвенции, да и каже на жената дека ја сака. Неговото однесување покажува дека тој е со висок тестостерон, дека ќе има силни деца, и сензорот во женскиот мозок во овој момент вели "ѕрррррр". Одеднаш, таа го сака лошото момче.

 

Што станува со добрите момци?

Сепак, има надеж за добрите момци. Студијата на Кинси покажува дека за време на овулација жените се склони да изберат маж со висок тестостерон со надеж да создадат силно потомство. Но во другите фази од нивниот циклус, жените ги преферираат повеќе нежните карактеристики на "добрите" мажи.

Кога на жените им биле прикажани слики од овој вид мажи во истражувањето на Кинси, активен станал оној дел од нивните мозоци, кој учествува во донесувањето одлуки. Жените всушност ги споредиле добрите и лошите страни на висок и низок тестостерон.

Лошите момци можеби можат да создадат силни деца, но тие исто така се склони да изневеруваат и да преземат помалку грижа за нив. И кога жените не се во виорот на нивната плодност, тие можат појасно да го видат шармот на добриот маж - да биде мил, нежен, внимателен, што го прави идеален партнер на долг рок.

Значи, додека мажот со висок тестостерон може да активира само еден дел од мозокот на жената и да предизвика сексуална привлечност, мажот со пониски нивоа на тој хормон ќе предизвика во поразвиениот дел на мозокот чувство на сигурност и доверба.

На крајот може да се каже дека добрите момци не завршуваат последни, тие само треба да чекаат жените да го следат разумот, а не инстинктот.

Дознјате повеќе за авторот

Д-р Дарко Стојановски

www.dobaralat.mk

-авторски текст не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 15.07.2012

Последна вест

Најчитани статии - животен стил