Доктори.мк | Како настануваат сончевите изгореници - видео | kako-nastanuvaat-soncevi-izgorenici | Портал за медицина и здравје

Како настануваат сончевите изгореници - видео

Секогаш кога се изложувате на сончева светлина, а не сте заштитени со креми за сончање со соодветен фактор и УВ заштита, постои ризик од настанување на сончеви изгореници. 

Интересно е дека иако никогаш не се добредојдени, ни овозможуваат да го видиме сопствениот имун систем во акција.

УВ зраците ги убиваат клетките на кожата

Имено, ултравиолетовите зраци кои се дел од сончевата светлина имаат разорна моќ која им овозможува да продираат во кожата и да ги убиваат нејзините клетки во одредена мера.

Брза активација на одбрамбените механизми

По изложувањето на сонце, имуниот систем веднаш регистрира дали некои од клетките се оштетени, и се активира за да ги исчисти овие клетки од кожата.

Најпрво се зголемува протокот на крв во зафатената регија. Токму надоаѓањето на крв е причината што кожата станува црвена и топла.  Крвта која надоаѓа носи бели крвни клетки кои го чистат дебрисот останат клетките кои биле уништени под дејство на УВ зраците.

Целиот овој процес е пратен со болка која има за цел да не алармира дека нешто се случува во зафатената регија на кожата. Болката настанува под дејството на  медијатори кои се ослободуваат од страна на имуниот систем од една, и распаднатите клетки од друга страна.

Следниот чекор во враќањето во нормала е лупењето на кожата, по кое таа се обновува. 

www.doktori.mk, 13.07.2012

Последна вест

Најчитани статии - занимливости