Како да ја зацврстите сексуалната самодоверба

доктор на медицина

Да, самодовербата во сексот се гради постепено и со напор. Тоа е вистинското, затоа што се гради единствено врз основа на искуство и резултати. Тоа е и најчувствителното, затоа што и една непостигната ерекција може да урне цела карпа од самодоверба.

Еве неколку појави- непријатели на самодовербата и еден еротски поглед на нив:

Извонреден секс со поранешната

Можеби Ви е доста да слушате за дивиот секс кој што го имала Вашата партнерка во претходната врска, па запомнете - поранешниот станал поранешен поради некоја причина. Има само еден начин да замолчи и да заборави на спомените. Покажете се како вистински маж - дајте и го тоа што го посакува и изненадете ја со повеќе.

Совршено тело

Ако не поседувате совршено тело фокусирајте се на своите квалитети. Кога сте голи, се се забележува, иако во креветот најмногу се забележува ерекцијата и резултатите од неа.

Во моменти на страст, таа не обрнува внимание на тоа колку Ви се цврсти стомачните мускули. Задоволна е, едноставно затоа што не се покриени со облека. Од тука па до тоа да ја направите вистински среќна потребна Ви е желба, внимание за деталите и способноста да реагирате соодветно во дадениот момент.

Очекувањето да се претставите како порно ѕвезда

Всушност тоа е во Вашата глава, а не во нејзината. Сексот на телевизија и сексот во спалната соба се две различни работи и сите го знаат тоа. Некој порно филм може да те возбуди, но од таму натака се е во твоите раце.

А и не заборавајте, жените не сакаат порно филмови толку колку што ги сакаат мажите. Тие сакаат добри импровизации во живо.

Пријатели кои премногу споделуваат

Ако Вашите пријатели  сакаат да ги споделат своите диви сексуални искуства, тоа може да Ве натера да се чувствувате ништожни во споредба со нивната пламена страст. Но, од каде сте сигурни дека реалноста е таква како што тие живописно Ви ја опишуваат? А и да е?

Зошто мислите дека само нивниот пристап е вистинскиот? Постојат многу различни начини на секс со кои може да се задоволи една жена. Да се потсетиме на второто правило на вистинските мажи: “Создади сопствени правила и не ги следи туѓите правила”. А зошто е тоа второ правило? Па затоа што првото е “Јас можам”.

Времетраењето на сексуалниот однос

Да,во филмовите, херојот и хероината стигаат до оргазам во исто време, а тоа трае доста долго. Реалноста е многу поинаква. Погледнете ја статистиката - на мажите им се потребни во просек од 3 до 5 минути, за да завршат, а на жените околу 20 минути. Очигледно одговорот не е во времетраењето на односот.

 

Секс за здравје и самодоверба

Да бидеме секси

Тешко е човек да се опушти и да добие максимално задоволство во сексот, ако не се чувствува удобно во своето тело. Чувството дека изгледа лошо може да биде една од водечките пречки кај жената, за да се опушти во кревет. Затоа еден комплимент или нежно прошепотен охрабрувачки збор можат да направат чуда кај партнерката.

Иако кај мажите ниска самодоверба од голото тело е доста ретка причина за воздржаност за време на секс, и мажите, исто така понекогаш се афектирани од мислата за начинот на кој тие изгледаат. Велиме "од мислата", бидејќи, како што искусните мажи знаат - се е во нашата глава. А тоа често води и до "фатална" неспособност за добивање ерекција.

Борбата против овие негативни ставови е тешка, но не невозможна. Можете да почнете од пренасочување на мислите кон далеку поважни нешта - како тоа какви се желбите на партнерката во овој момент и како да се задоволи. Внимателниот однос и стабилната ерекција се гаранција за  Вашата самодоверба. Изгледот е прашање најмногу на самочувствување. Како и на вкус. А што повеќе стимулира за самодовербата од едно "Беше одличен”?

Во здраво тело, здрав дух

Тривијално, но точно. Редовните физички вежби, спортот и движењето се извор на самодоверба кај мажите, вклучувајќи и за време на секс. Ако се чувствувате во тонус и физички здрави, ќе имате и висока мотивација и ентузијазам. Физичката кондиција ќе Ви биде на ниво кое и помага на Вашата самодоверба за доволно цврста и долготрајна ерекција.

Наградете го телото со редовен спорт, а тоа ќе Ви го возврати гестот со доволно енергија и самодоверба во страсните моменти.

Всушност, истражувањата покажуваат дека луѓето со активен сексуален живот, прават вежби почесто и имаат добри навики на исхрана. Дали здрав начин на живот е причина или резултат од сексот, уште не е дефинирано. Но едно е сигурно вистина - сексот и доброто здравје се поврзани.

 

Кaко да го добиеме посакуваното во сексот?

Понекогаш зборовите помагаат

Повторете на глас: "партнерката не ми ги чита мислите". Ако не сте во состојба да го зголемите квалитетот на сексот од "Добро беше" до "О, Господи!", тогаш е време да поразговарате со партнерката што е потребно да се направи за ова прашање. И не грижете се, жените сакаат да споделат. Поканата за разговор сама по себе ќе Ве подигне едно ниво повисоко.

Дадете за да добиете

Како за се во животот, колку даваш, исто толку ќе добиеш. Во сексот сепак, ако не го добивате токму она што го сакате, подгответе се прво да дадете повеќе. Ако сакате француска љубов или пак страстни бакнежи, направете го истото прво вие. И кога ќе слушнете или почувствувате дека и се допаѓа, побарајте таа да го стори истото за Вас.

Дејствувајте со рацете

Ако не можете на глас да го кажете она што го сакате во сексот, нека рацете го искажат тоа наместо Вас и ја поттикнат партнерката да го стори тоа. Ако прстите на партнерката лутаат и ги пропуштиле најжешките места, фатете ги нејзините раце и поставете ги точно таму.

Спротивна психологија

Звучи премногу сериозно, но всушност се заснова на веќе спомната едноставна вистина за сексот: Колку повеќе давате, толку повеќе ќе добиете. Користете го ова, за да и сугерирате на партнерката дека ако таа направи нешто за Вас, тоа ќе и донесе задоволство и нејзе. И нека покаже го во пракса.

Не ги штедете комплиментите

Со неколку реченици како оние "Колку си убава денес", "Изгледаш многу возбудливо" страста веднаш ќе влезе во Вашиот кревет. Но, комплиментите не треба да завршат тука. Кога партнерката ќе Ви го направи токму она што го сакате, оценете го соодветно. Потрудете се да дознае кога е на вистинскиот пат и ќе уживате во повторувањето. Ако долго време не се случи нешто што заслужува комплимент и квалитетна ерекција, поттикнете ја нежно во акција со зборовите "Сакам кога ..." или "Ме излудуваш кога ...". Таа ќе прифати дека тоа го има правено и порано и ќе го "повтори".

Ослободете се од лошите навики во креветот

Најчесто проблемите со ерекцијата не се физички, туку психички. Едно непостигнување на ерекција многу ретко е последица на здравствен проблем, туку повеќе е проблем  на ситуацијата и на она што се случува во главата на мажот.

"Вознемирувачко самонабљудување" - така го нарекуваат сексолозите.

Слабоста да се потценуваме дека сме неадекватни завзема прво место на листата на причините за еректилна дисфункција. Комбинирана со "нездрави" навики, оваа слабост е најголемиот непријател на мажот. И тука таблетите за секс нема да помогнат, ако не си помогнете сами.

Еве некои лоши навики кои можат да се претворат во непознат непријател на доброто претставување:

Гледате на сексот како на секојдневна обврска

Ги платив ли сметките? Наточив ли бензин на колата? Имав ли секс?

Дали илјадниците одговорности и запоставување на сопствените потреби, го претвориле сексот во нешто што "треба да се направи"? Сега е моментот да се ослободите од оваа стапица.

Препуштете и се на партнерката и ситуацијата како вистински маж - исклучете се од надворешниот свет. Убава када, страстна музика, безрезервна љубовна игра, сето тоа помага за позитивно расположение.

Сте нашле формула за успех

Погрешното сфаќање, испитаниот начин е најсигурен, може да Ве заведе. Ако сте западнале во рутината да имате секс на ист начин секој пат, не се изненадувајте ако ефектот започне да слабее. Експериментот е ризик, но оправдан.

Сте станале мрзлив љубовник

Добивате ли повеќе отколку што и давате на партнерката? Бидете искрени во одговорот. И ако одговорот е "да", превземете веднаш мерки. Уште следниот пат.

Дозволете си излив на интимност

Може и да не правите разлика помеѓу страст и интимност, но знајте дека жените прават. Интимноста вклучува нежност, внимание, романтика. Три клуча за женската душа, за кои ќе бидете наградени со врвно сексуално искуство.

дознајте повеќе за авторот

д-р Дарко Стојановски

www.doktori.mk, 11.07.2012

Последна вест

Најчитани статии - животен стил