Кучињата ги штитат бебињата од инфекции

Бeбињата коишто имаат контакт со кучиња поретко заболуваат од инфекции на ушите и дишните органи отколку бебињата коишто живеат во семејства без домашни миленици, е заклучокот од студија спорведена во универзитетската болница во Куопио во Финска.

Студијата објавена во специјализираниот американски магазин Pediatrics не објаснува зошто, но сугерира дека животот во контакт со куче коешто ќе мине најмал дел од денот надвор од куќата го зајакнува имунолошкиот систем на детето во првата година од животот. Мачките, исто така, даваат заштита на бебињата, иако нивниот имунолошки ефект е послаб отколку во случајот со кучињата.

Студијата се темели на истражувањето спроведено кај 397 деца од финска чиишто родители секојдневно ја бележеле во дневник здравствената состојба на своите деца во текот на првата година, од деветтата до 52 седмица.

Општо, бебињата коишто живееле во семејства кои чувале кучиња и мачки биле за 30 отсто помалку склони кон инфекции на дишните патишта, вклучувајќи го и кашлањето, крчењето, треска и зголемена телесна температура, како и приближно за половина биле помалку склони на развој на инфекции на ушите. Децата со домашни миленичиња трошеле и помалку антибиотици.

„Ако децата имале контакт со куче или мачка во куќата, беа со подобро здравје во текот на периодот на истражувањето", се тврди во студијата спроведена од експертите од универзитетската болница во Куопио во Финска.

„Ги претставуваме првите докази дека поседувањето куче може да претставува заштита од инфекции на респираторниот тракт во текот на првата година од животот. Сметаме дека контактот со животни помага во созревањето на имунолошкиот систем, што доведува до подобар имунолошки одговор на организмот и покусо траење на инфекцијата", се додава во студијата.

извор Макфакс

www.doktori.mk, 10.07.2012

Последна вест

Најчитани статии - занимливости