Доктори.мк | Јади помалку - ќе живееш подолго | jadi-pomalku-ke-zivees-podolgo | Портал за медицина и здравје

Јади помалку - ќе живееш подолго

Ако ја намалиме консумацијата на храна за 40 отсто, ќе го продолжиме животот за 20 години, покажуваат новите проучувања на Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Британските научници се надеваат дека новата студија ќе им помогне да откријат непознати начини за борба против стареење и најмногу против болестите кои го следат стареењето. Со промена на исхраната можете да го продолжите животот, категорични се експертите.

За време на лабораториските тестоирања експертите успеале да го зголемат животот на стаорците за 30 отсто, откако ја намалиле количината на храна за 40 отсто. Истражувачите направиле експеримент и со овошни мушички кои имаат гени слични на човечките.

Истражувачите се надеваат и дека со помош на соодветна диета ќе успеат го намалат ефектот на генетските мутации кои водат до развој на Алцхајмерова болест.

Извор Макфакс

www.doktori.mk, 06.07.2012

Последна вест

Најчитани статии - исхрана