Доктори.мк | Киселец - најпопуларен див зеленчук | kiselec-najpopularen-div-zelencuk | Портал за медицина и здравје

Киселец - најпопуларен див зеленчук

доктор по стоматологија

Киселец или Rumex acetosa е ливадско растение по потекло од Европа, кое расте од мај до јули. Неговото стебло е исправено и избраздено по целата должина и достигнува височина од еден метар. На стеблото наизменично се наоѓаат листови кои се зашилени и имаат многу долги дршки. Врвот од стеблото завршува со црвеникаво обоени цветови. Неговите корени се длабоко развиени во земјата.

Ова растение најчесто расте по влажни ливади и пасишта. Се среќава и покрај потоци и подрачја кои се обрастени со трева. Ливадите поради неговите цветови најчесто добиваат црвена боја.

Во исхраната се користат листовите кои се темно зелено пребоени и сочни и се наоѓаат поблиску до земјата. Најдобро е да се берат кога стеблото не е целосно развиено т.е не се расцутени неговите цветови. Тоа се вика “млад киселец”. Лисјата од киселецот се со кисел (поради што го добило и името ова растение) и освежувачки вкус. Поради ова тој е омилен дел од исхраната на луѓето. За киселецот се вели дека е едно од најпопуларните диви зеленчукови растенија.

Нутритивен состав

Листовите на киселецот содржат витамин Ц и каротен. Во нив има и оксална киселина и затоа не се препорачува честото земање киселец на лицата кои се склони кон создавање камења во бубрезите.

 

Интересен факт

Во Македонија киселецот најмногу е застапен во преспанскиот крај.

 

дознајте повеќе за авторот

Д-р Кристина И. Стојаноска Алоска

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 28.06.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана