Чудотворно шумско овошје

нутриционист

Чудотворното шумско овошје е мало црвено овошје кое го променува вкусот на киселата храна што се конзумира после него. Киселиот вкус на лимонот преминува во вкус на благи портокали, а сирењето добива вкус на торта од слатко сирење. Дури и популарниот табаско сос добива вкус на шеќерна глазура. 

Не станува збор за вештачки засладувач. Овој плод го дава растението Synsepalum dulcificum и е 100 % природен. Содржи активен гликопротеински молекул, кој го променува вкусот на киселата храна во сладок вкус. Овој ефект трае во следните 10 минути до 2 часа.

Како дејствува?

Се претпоставува дека ја менува формата на рецепторите за слатко, така што тие реагираат на киселоста, наместо на шеќерот и другата слатка храна.

Традиција долга стотици години

Чудотворното овошје всушност не е нешто ново. Западноафриканските племиња го јаделе стотици години.

Ова овошје расте и до 6.1 метар во тропските предели на Западна Африка. Раѓа мали црвени плодови двапати годишно на крајот од дождовната сезона. Семките на чудесното овошје имаат големина на зрна кафе. А, белите цветови на ова зелено растение цветаат и по неколку месеци во годината.

Добра вест за луѓето кои се на посебен режим на исхрана

Чудотворното шумско овошје е особено полуларно во Јапонија меѓу дијабетичарите и е достапно на пазарот во форма на замрзнати и сушени гранули и во форма на таблети.

Научниците од Универзитет во Флорида кои се одговорни за истражување на овошјето, тврдат дека ова овошје е безбедно да се конзумира и е 100 % природно. Досега не се откриени опасности и несакани ефекти поврзани со ова чудесно растение.

Можеби ова е надеж и добра вест за луѓето кои се на посебен режим на исхрана. Ова мало чудотворно овошје е одличен подобрувач на вкусот и одлична помош за пациентите кои се на посебен режим на исхрана, приморани да јадат невкусна храна. ;-)

 

дознјате повеќе авторот

Зорица Стоименова, нутриционист

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

 

www.doktori.mk, 04.07.2012

Последна вест

Најчитани статии - исхрана