Доктори.мк | Колострум за имунитет и виталност | kolostrum | Портал за медицина и здравје

Колострум за имунитет и виталност

доктор на медицина

Колострумот е синоним за првото мајчино млеко или имунолошки активно млеко кое е богато со многу важни нутриционистички супстанци.

Овој екстракт се изолира од кравјо млеко добиено од специјално одгледувани крави во органски фарми. Древните народи од Индија уште пред повеќе од 1000 години ги познавале лековитите својства на колострумот и го употребувале за лекување на најразлични заболувања.

 

Здравствени придобивки од колострумот

Современите истражувања ги потврдуваат неговите лековити својства. Тој го стимулира имунолошкиот систем, ја регулира работата на штитната жлезда, помага при воспалителни процеси и алергиски реакции. Колострумот поволно влијае врз растот, развојот, регенерацијата и одржувањето на коскено-мускулниот систем, го подобрува функционирањето на мозокот и го регулира согорувањето на мастите.

Научните студии јасно покажуваат дека колострумот го има следново дејство:

  • Го подобрува имунолошкиот систем, а посебно кај децата со слаб апетит и лоши навики во исхраната;
  • Има антивирусно, антибактериско и антигабично дејство;
  • Учествува во регулацијата на автоимуни заболувања (алергија, астма, ревматичен артритис, лупус, мултиплекс склероза, Алцхајмерова болест и сл.);
  • Поволно делува кај хроничните болести;
  • Го стимулира нормалниот развој, регенерацијата и обновувањето на мускулното ткиво, колагенот на кожата, ‘рскавицата на коските и нервните ткива, дигестивниот систем;
  • Ја подобрува виталноста, атлетските капацитети и психофизичката активност;
  • Го забрзува метаболизмот и помага во градењето на телесната маса, и др.

 

Моќно антибактериско дејство

Лабораториските испитувања покажуваат дека колострумот исто така успешно го штити организмот од следните бактерии: Bacillus cereus, Salmonella enteritidis, Campylobacter jejuni, Salmonella typhimurium, Candida albicans, Staphylococcus epidermidis, Escherichia coli, Escherichia coli 0157:H7, Streptococcus agalactiae, Streptococcus mutans, Streptococcus pneumoniae, Streptococcus pyogenes, Yersinia enterocolitica, Helicobacter pylori, Klebsiella pneumoniae, Listeria monocytogenes и Propionibacterium acnes.

 

Нутритивен профил

Колострумот содржи извонредна комбинација на витамини, минерали, имуноглобулини, аминокиселини, имуни/антибактериски ензими, фактори за раст и развој и други супстанци:

  • Витамини: витамин Б2, Б6, Б12, витамин А и витамин Ц.
  • Минерали: железо, калциум, фосфор, калиум, цинк, магнезиум, манган и др.
  • Амино киселини: аланин, аргинин, аспартатска киселина, глутаминска киселина, хистидијн, леуцин, метионин, пролин, треонин, тирозин, цистин, глицин, изолеуцин, лизин, фенилаланин, серин, триптофан и валин.
  • Имуни/антибактериски ензими: ИгГ1, ИгГ2, ИгМ, ИгА, лактоферин, лизозим, лактопероксидаза.
  • Фактори на раст: ИГФ-1, ИГФ-2, ТГФ-бета 1, ТГФ-бета 2.

 

дознјате повеќе за авторот

 > д-р Дарко Стојановски <

www.doktori.mk, 10.05.2014

Последна вест

Најчитани статии - фармација