Карма или медицина - Неверните мажи имаат поголеми изгледи за инфаркт

Мажите коишто ги мамат своите сопруги имаат поголеми шанси да претрпат срцев удар, отколку оние коишто остануваат верни, покажало истражување спроведено во Италија, коешто е објавено во магазинот Journal of Sexual Medicine.

Ненадејната смрт при сексуален однос е многу почеста при однос меѓу мажот и љубовница, отколку при однос со сопругата, а точните причини за тоа не се сосема јасни, оценуваат научниците кои како можно објаснување за овој феномен ги наведуваат чувството на вина, стресот поради криењето или напорите што ги бараат младите љубовнички, вклучувајќи го и конзумирањето во нивно друштво на екстравагантна храна и алкохол.

Врската меѓу брачното неверство и срцевите проблеми се обработени во рамките на истражувањето во коешто научниците од универзитетот во Фиренца ги проучувале постојните податоци за ефектите од брачното неверство. Користејќи го терминот „неверство" и „вонбрачна врска" тие ги анализирале зачестеностите и околностите на инфаркти кај мажите, при што утврдиле дека срцевите удари, вклучувајќи ги и оние со смртна последица, релативно се ретки во брак но се почести во вонбрачна врска.

„Неверството кај мажите се чини дека е поврзана со зголемен ризик од тешки кардиоваскуларни инциденти", вели водителката на истражувањето, д-р Алесандра Фишер, за британскиот весник Daily Mail.

„Сексот надвор од бракот може да биде опасен и стресен, поради тоа што љубовницата е често помлада од примарната партнерка и можеби поради тоа што до сексуалниот однос доаѓа по прекумерно конзумирање храна и алкохол", вели Фишер.

„Можно е дека тајниот однос во непозната опкружување може значително да го зголеми крвниот притисок и бројот на отчукувањата на срцето, што доведува до зголемување на потребата од кислород", сепак претпоставува на крајот Фишер.

извор Макфакс

www.doktori.mk, 30.06.2012

Последна вест

Најчитани статии - занимливости