Лековитите својства на најстарото дрво во светот

доктор на медицина

Многу научници веруваат дека Гинко Билоба е најстарото дрво во светот (овие дрвја може да живеат дури до 1000 години). Oва растение потекнува од ориенталните предели во традиционалната кинеска медицина се користело поради неговите извонредни медицински ефекти - посебно за лекување на астма, бронхитис, главоболки, депресија и др.

Извонредните ефекти на Гинко Билоба врз мозочната функција и циркулација го сместија ова скапоцено дрво на врвот на листата на најшироко употребуваните и најпроучуваните дрвја во светот.

Милиони aмериканци и eвропејци секојдневно го користат ова растение за подобрување на меморијата, когнитивните функции, проблеми со циркулацијата, дезориентација, главоболка, ПМС синдром, вртоглавици, депресија, слаба меморија, а исто така има и моќно антиоксидантно дејство со кое што ја заслужи својата интернационална репутација како растение кое го успорува процесот на стареење.

Гинко Билоба има многу позитивен ефект врз сексуалното либидо кај луѓе со нарушена сексуална функција.

 

Употреба:

  • Ја подобрува меморијата, концентрацијата и други когнитивни функции;
  • Ја подобрува циркулацијата на срцето, мозокот и воопшто на горниот дел од телото;
  • Помага во намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања и има многу моќни антиоксидантни својства;
  • Успешно се користи во третманот на церебрална инсуфициенција, сенилна деменција, Алцхајмерова болест;
  • Се користи и во лекување на нарушена циркулација во периферните крвни садови (студени раце и нозе) и др.

 

Студиите покажуваат дека Гинко Билоба има бавно дејство, и потребно е 4 до 8 недели пред да се забележат позитивните ефекти, но вистинските резултати се појавуваат по редовната употреба во временски интервал од 6 месеци.

 

Дознајте повеќе за авторот - д-р Дарко Стојановски >>>

www.doktori.mk, 30.06.2012

Последна вест

Најчитани статии - фармација