Овошје и зеленчук на летната трпеза

доктор по стоматологија

Пред нас е уште едно долго топло лето. И доколку испадне народната "по утрото се познава денот", тогаш очекувајте пеколно жешко лето.

На само чекор до  пеколните горештини ви наведуваме неколку важни совети околу исхраната (овошје и зеленчук) што треба да ги практикувате за да го освежите вашиот организам.

Целокупниот здрав режим на исхрана во себе вклучува исхрана богата со овошје и зеленчук. Ваквиот режим има големи придобивки по здравјето на секој човек:

 

  • Со консумирање храна богата со овошје и зеленчук се редуцира ризикот од кардиоваскулатни заболувања, се намалува ризикот од Дијабетес тип 2, штити од некои видови канцер.

 

  • Зеленчукот и овошјето кои во себе содржат калиум (компири, грав, домати, боранија, соја, леќа, спанаќ, банани, суви сливи, суви праски и кајсии, диња) може да го намалат ризикот од развој на камења во бубрезите и помага во намалувањето на губењето на коскената маса.

 

  • Со конзумирање на овошје и зеленчук се намалува нивото на холестерол во крвта бидејќи ниту еден вид природно не содржи холестерол

 

  • Овошјто и зеленчукот се голем извор на хранливи материи, диетални влакна, фолна киселина, витамин А, витамин Ц, витамин Е и калиум

 

  • Влакната во овошјето се важни за правилната работа на цревата и со тоа помагаат во намалувањето на констипацијата и вршат превенција од појава на хемороиди.

 

  • Овошје и зеленчук особено им се препорачува на бремените жени поради количеството на фолна киселина што го содржат, со што би се спречило појава на аномалии кај фетусот.

 

  • Витаминот Ц помага при зајакнување на имуниот систем, во зараснување на раните и ги одржува здрави забите и непцата.

 

 

дознајте повеќе за авторот

д-р Кристина И. Стојаноска Алоска

www.doktori.mk, 29.06.2012

Последна вест

Најчитани статии - исхрана