Проблеми со мокрењето и исхраната

советник за здрава исхрана - нутриционист
Клуб за здрав начин на исхрана "New Nutritionism" - Скопје

Болка кога мокрите, често мокрење или уринарна ретардација (неможност целосно да го испразните мочниот меур) се најчестите симптоми од овој тип. Повеќето луѓе мократ повеќе пати на ден, во зависност од количината на течности која ја внесуваат и нивото на активност. Честото мокрење може да биде последица од земање на големи количини на течности, инфекција на уринарниот тракт, иритација поради камен во мочниот меур, зголемена простата, шеќерна болест или анксиозност. Болката при мокрење, која обично се опишува како благо или силно печење може да се должи на уринарниот тракт или други инфекции, инфекции со кандида, воспаление на пенисот или камења во бубрезите и мочниот меур.

Бавно или сиромашно мокрење често се јавува кај постарите мажи и се должи на зголемување на простатата. Симптомите може да се случат и кај постарите жени, можеби поради слабите ѕидови на мускулите на бешиката. Неможноста за мокрење почесто е проблем кај мажите. Тоа може да се должи на пречки (на пример камен или вродени анатомски малформации) во мочниот меур или уринарната цевка, во близина на кожичката на пенисот или зголемена простата. Понекогаш се јавува кај жените поради бременост. Некои проблеми со мокрењето се резултат на постојани нарушувања на нервниот систем, како што е мултиплекс склероза.

Превенција и исхрана

  • Пијте многу вода. Избегнувајте пијалоци со кофеин, како што се кафе, чај, кока-кола. Тие дејствуваат како диуретици и генерираат голема количина на урина.
  • Јадете здрава храна, храна богата со флавоноиди (цели зрна, зеленчук и овошје со светли бои), селен (млечни производи, месо, риба, цели зрна, зелен лиснат зеленчук, печурки, лук), цинк (млечни производи, риба, школки, месо, цели зрна, мешунки, корен зеленчук, лук), витамин А (млечни производи, јајца, риба, мешункасти плодови, ладно цедено растително масло), Ц (агруми и повеќето други видови овошје, брокула, пиперки и повеќето други зеленчуци) и Е (растително масло, јајца, риба, цели зрна, леќа, грав, тврдо овошје, семиња). Тие ја зајакнуваат отпорноста од инфекции, ги одржуваат мускулите, здравјето на нервните и други ткива и ја намалуваат веројатноста за зголемување на простатата.
  • Јадете повеќе храна богата со растителни влакна за да се спречи притисокот врз мочниот меур.
  • Да се отстрани вишокот на тежина поради масните наслаги на стомакот кои вршат притисок на бешиката.
  • Да се престане или барем да се намали со пушењето, бидејќи кадмиумот од цигарите може да се насели во бубрезите и да предизвика формирање на камен.

 

 

Дознајте повеќе за авторот Билјана Ристеска, нутриционист >>>

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 20.05.2015

Последна вест

Најчитани статии - исхрана