Доктори.мк | Антиканцер тело | antikancer-telo | Портал за медицина и здравје

Антиканцер тело

доктор на медицина

На канцерот не влијае само нашата животна срединаисхрана или размислување туку и нашето тело. Тоа игра есенцијална улога не само во лекувањето од малигните заболувања, туку и во процесите на опоравување и спречувањето на нивното повторно појавување.

Во повеќе студии лекарите посведочиле за постоењето на разлика помеѓу пациентите кои вежбаат и оние кои не вежбаат, по однос на опоравување и рекуренција. Има случаи каде пациентите продолжиле со живот иако лекарите им дале многу мали шанси за преживување.

Сепак ова се изолирани случаи, сигурно и други фактори одиграле улога во нивното опоравување; начинот на кои овие индувидуи воделе сметка за кондицијата на своето тело сигурно имал позитивен ефект врз нивното опоравување и преостанати години.

Терапија со масажа

Се поголем број на лекари ја согледуваат и важноста на терапијата со масажа во процесот на опоравување на пациентите со канцер. Во понови експериментални истражувања на мали стаорци кои биле изолирани од нивната мајка при раѓање, се докажало дека отсутноста на физички контакт предизвикала одговор на организмот при кој телесните клетки буквално одбиле да се делат и растат. Во секоја клетка, делот од геномот кој е одговорен за продукција на ензимите кои се потребни за раст, не бил повеќе експресивен, со што целиот организам западнал во некаква форма на хибернација. Но кога лекарите го погалиле грбот на малиот стаорец, со мокра четкица, за да се имитира начинот на кој мајката стаорец регира на повикот на нејзините мали, веднаш се поттикнала продукција на ензими, а со тоа и раст.

Оваа студија покажала дека внимателен физички контакт, како на пример масажа која се изведува со најдобра намера, најверојатно ја стимулира животната сила кај луѓето, не само на емоционално ниво, но и на биолошко ниво во самите клетки.

Друг експеримет изведен во друг институт покажал дека 30 мин масажна терапија во рок од три недели предизвикала намалување на продукцијата на стрес хормони а се зголемил процентот на NK клетки (н.з.: клетки природни убијци, едни од најважните столбови на одбрана од  клетките на ракот) кај жени со рак на дојка. Овие жени исто така биле посмирени и чуствувале многу помала физичка болка после само првата сесија.

Физички вежби

Покрај масажата, физичкиот тренинг претставува друг начин на кој можеме да го зацврстиме нашето тело пред и по лечењето. Постојат голем број на механизми преку кои со вежбање се подобрува целокупната физиологија :

  • Се намалува количината на масно ткиво, кое претставува главен склад за канцерогени токсини кај луѓето
  • Физичката активност го модифицира нашиот хормонален баланс. Го намалува вишокот на естрогени и тестостерон кои го потикнуваат растот на канцерот (особено кај канцер на дојките, простата, јајници, утерус и тестиси)
  • Со вежбање се намалува нивото на шеќер во крвта, а со тоа и секрецијата на инсулин и IGF кои значајно допринесуваат за инфламација на ткивата и за раст и ширење на туморите.
  • Физичката активност дејствува и на цитокините кои се одговорни за инфламаторен одговор, намалувајќи го нивното ниво во крвта.
  • Физичката активност, како и медитацијата, има директен ефект и врз имунолошкиот систем, заштитувајќи од стрес .

Внимавајте

Одредени вежби можат да бидат опасни! Некој канцери може да се јават на одредени делови од телото кои се поактивни за време на вежбање со што одредени вежби претставуваат опасност (како на пр. движење на рацете после оперативен зафат на пазувите, џогирање кај особи кои имаат метастази во коските итн.).

Многу е важно пред да започнат со вежбање пациентите да се консултираат со нивниот онколог за тоа кои вежби најдобро би одговарале и не би биле опасни за нивната состојба.

 

Останати статии од овој серијал на д-р Дарко Стојановски

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 19.06.2012

Последна вест

Најчитани статии - вежби