Хикикомори - болест на современото семејство

Хикикомори е пореметување на однесувањето раширено во Јапонија, главно кај помлади мажи, а се карактеризира со водење повлечен живот дома и недостиг од интерес и желба за учење и работа кое трае подолго од шест месеци, пишува  парискиот весник Le Mond.

Иако досега се сметаше за ексклузивно за јапонците, секојдневно се откриваат се повеќе случаи ширум  светот.

Лекарот Алан Тео, психијатар на Универзитетот Мичиген во Ен Арбур, во март годинава во итнернационалниот магазин за социјална психијатрија l'International Journal of Social Psychiatry, го објави написот за првиот случај на хикикомори во САД, регистриран кај маж од 30 години кој живеел изолиран во својот стан цели три години.

„Првата година ја минал во доста големиот тоалет, хранејќи се со она што ќе му го донесат. Не се капел, физиолошките потеби ги извршувал во канти и шишиња, а времето го минувал на интернет и со видео-игри. Така веќе претходно живеел кога имал дваесетина години. Секогаш пател од тешка депресија", пишува научникот.

Пациентот се согласил да биде подложен на когнитивно бихевиорална терапија по којашто сега е во ремисија.

„Во текот на својот живот, од хикикомори страдаат 1,2 отсто Јапонци, според една детална студија за епидемиологијата на овој феномен", вели професорот Такахиро Като, од Одделот за невропсихијатрија при Универзитетот во Киушу.ж

Додава дека „освен тоа, едно истражување утврдило 264 илјади случаи на хикикомори во Јапонија (од вкупно 127 милиони жители - з.р.), на коишто треба да се додадат 460 лица коишто допрва ќе заболат".

Според професорот Като, „во блиска иднина во Јапонија ќе бидат регистрирани речиси милион случаи, што ќе има и социјално-економски последици".

Некои експерти сметаат дека станува збор за епидемија.

Ситуацијата е уште посериозна, затоа што во Јапопнија постојат само 169 психијатри за млади лица, а првите знаци на изостанување од наставата или самоизлорањето може понекогаш да се јават на возраст од 12-13 години. Освен тоа, некои родители се срамат од таквото дете и се колебаат да побараат стручна помош или самото дете ја одбива, а понекогаш и родителите го толерираат таквото однесување.

Заболените честопати патат од некое психолошко пореметување кошто е проследено со изолирање од заедницата. Тоа меѓутоа не е нужно, а доколку и постои, не е доволна причина за да го оправда таквото однесување. Овој феномен, исто така, не е поврзан со зависноста од интернет или видео-игри. Тие, според професорот Като, само ја намалуваат потребата од директна комуникација со луѓето.

Според него, промените во семејниот или општествениот живот во голема мера го објаснуваат ширењето на овој феномен. „Традиционалното јапонско семејство, коешто имаше многу деца во кое сите живееја под ист покрив со дедовците и бабите, му го отстапи местото на семејното јадро во кое таткото и мајката работат, во коешто има помалку деца и помалку контакти со роднините и соседите. Тоа го прави хикикоморито повидливо и попроблематично", вели професорот Като.

Една од причините за ова заболување би можел да биде и големиот притисок во училиштата, како и злоставувањето на коешто се изложени некои ученици.

Пореметувањето во однесувањето не е поврзано исклучиво со јапонската култура. Вакви слуачи се регистрирани во Оман, Шпанија, Италија, Јужна Кореја и Франција, каде што последните 15 месеци се регистрирани триесетина случаи кај млади лица повозрасни од 16 години, но и кај мажи на возраст меѓу 25 и 30 години.

Во една неодамнешна статија објавена во францускиот специјализиран магазин Annales médico-psychologiques, психијатарот Мари-Жан Гуедж-Бурдио, раководителка во Психијатрискиот центар за насоки и помош (Centre psychiatrique d'orientation et d'accueil - CPOA) во париската болница Сен-Ан, опишува 21 случај од кои 20 заболени од хикикомори биле посетени дома по итно барање за помош од семејствата. Срамот или вината коишто ги чувствува вакво семејството може да предизвикаат долги одложувања во процесот на донесување одлука како да се пристапи кон лицето на кое му е потребна помош, што е речиси секогаш поврзано со желбата на родителите да ги извлечат нивните деца од нивната затвореност или од стравот тоа да не стане видливо однесувње за околианта. Овие адолесценти се затвориле во себе повеќе од една година и не биле свесни за невообичаената природа на нивното однесување. Од 21 случаи, во 16 имало придружно психијатриско нарушување.

Повторните посети дома од страна на терапевт, со согласност од семејството, преземени од страна на друга здравствена служба, се само начин да се направи контакт со овие млади луѓе. Сепак, „хоспитализација е неопходна кога затворањето е премногу востановено и оневозможуван контакт", вели др Гуедж-Будио. „Понекогаш, по една или две години подоцна, симптомите може да се појават. Всушност, како и секое абнормално однесување, социјалното повлекување има тенденција да се повторува", вели психијатарот. Таа додава дека сепак на „овие тинејџери, кога еднаш се третирани, им подаваме рака и им нудиме излез од пеколот".

извор Макфакс

www.doktori.mk, 18.06.2012

Последна вест

Најчитани статии - медицина