Антиканцер средина

доктор на медицина

Како конвенционалните тврдења ја објаснуваат зачестената појава на канцер?

Многу често се зборува дека зголемената инциденца на канцер се должи на три фактори :

  • животниот век ни е поголем отколку во средината на минатиот век, што значи дека постои поголема можност за појава на канцер во постара возраст  
  • жените раѓаат деца во подоцнежни години, со што се зголемуваат можностите за појава на рак на дојка
  • имаме подобрени скрининг методи, што значи дека едноставно подобро го дијагностицираме канцерот, а не дека неговата појава е почеста

Иако горенаведените аргументи се вистинити, тие најчесто се користат за да се убедат  луѓето. Постојат одредени статистики кои овие факти не ги земаат во предвид. Како на пример, фактот дека живееме подолго не ја оправдува зголемената ициденца на педијатриски канцер помеѓу младата популација. Фактот дека жените раѓаат во своите подоцнежни години може да има влијание врз бројката на заболени од рак на дојка, меѓутоа не го објаснува 200% зголемување на ракот на простата во САД во периодот помеѓу 1978 и 2000 год, ниту пак 258% зголемување во одредени европски земји во истиот период.

И на крај, подобрените скрининг методи, го оправдуваат фактот дека голем број на канцери се откриваат во раната фаза на развој, меѓутоа не дава објаснување за зголемената инциденца на канцери за кои не се прави рутински скрининг (како канцер на панкреасот, белите дробови, мозокот, тестисите и лимфомот).

Дискутабилно е дали зголемената инциденца на канцер насекаде низ светот се должи на променета животна средина. Притоа овде не се мисли на промени на средина како на оние кои предизвикуваат глобално затоплување, туку на промени во човековите навики на живеење. Генералниот директор на Светската Здраствена Организација донесе заклучок дека “околу 80% од канцерите може да се појават под дејство на екстерни фактори како што се животниот стил и животната средина.“

Што се има променетo во последниве децении?

Проф. д-р Серван Шрајбер, автор на книгата "Антиканцер - Нов начин на живот" спомнува три важни точки :

  • Додавањето на големи количини на високо рафиниран шеќер во нашата исхрана –експоненцијалниот пораст на количината на шеќер кој го консумираме е неверојатен. “Наспроти тоа што нашите гени се развиле во средина каде една личност консумирала 2 кг на мед годишно, консумацијата на шеќер по човек пораснала на 5 кг годишно во 1830 па се до шокантна бројка од 70 кг годишно до крајот на дваесетиот век!”
  • Промени во методите по кои се одвива земјоделството и сточарството , како резултат на тоа и во нашата храна- од 1950 год па наваму фармерите го променија начинот на кој го хранат својот добиток. Префрлајќи се од пасишта на контролирано електронско фармерство. Оваа промена во исхраната и начинот на живеење на добитокот доведе и до промена на балансот на омега-3 и омега-6 во храната која тие ја продуцираат (месо, млеко, путер, јајца итн), што резултира со дизбаланс и во храната која ја консумираат луѓето.  
  • Изложеност на голем број на хемиски продукти кои не постоеја пред половината на минатиот век - годишната продукција на синтетски хемикалии порасна од 1 милион во 1930 на 200 милиони до ден денес .

Што можеме да направиме во врска со сето ова?  

Не можеме да очекуваме политичарите или пак идустријалците да ги донесуваат важните одлуки во наша полза. Ако чекаме епидемиолозите да бидат “сигурни” побрзо ќе умреме. Од друга страна сите ние имаме можност самите да превземеме одредени мерки на претпазливост. Можеме да одберме што консумираме. Покрај обидот за промена на начинот на кој се произведува храната, можеме да започнеме со сопствена заштита, преку одбирање на тоа што јадеме.

Ја предлагаме следната табела:

Да се намали:

Да се замени со:

Храна со висок гликемичен индекс (шекер, бело брашно итн)

Овошје, брашно и прашоци со низок гликемичен индекс

Хидрогенирани или делумно-хидрогенирани масла

Сончогледово, соино и пченкарно масло, маслиново масло

Конвенционални млечни производи (премногу збогатени со омега-6)

Органски млечни производи (балансирани омега-6/омега-3 , без rBGH), соино млеко или јогурт

Пржена храна, чипс, пржени предјадења

Хумус, маслинки, шери домати

Неорганско месо, кожа од живина

Зеленчук, зрнест зеленчук (грав, грашок, леќа). Органска живина и јајца. Органско црвено месо (максимум 200гр неделно). Риба

Лушпа од неоргаски произведено овошје или зеленчук (пестицидите се лепат за нивната лушпа)

Добро измиено или излупено овошје или зеленчук или овошје и зеленчук на кој има ознака “органско производство”

Вода од чешма во средини каде има развиено земјоделство поради присутвото на нитрати и пестициди (извештај за присуството на нитрати и пестициди во водата може да се добие од локалните власти)

Филтрирана вода за пиење преку јаглени филтри или повратна осмоза. Минерална или изворска вода во пластични шишиња, доколку шишињата се немаат стоплено на сонце па водата мириса на пластика, со што се потврдува присутво на  PVC.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување- 
 
 
Не пропуштајте го утрешното продолжение 
 Антиканцер исхрана
www.doktori.mk, 13.06.2012

Последна вест

Најчитани статии - медицина