Со импланти ќе се враќа видот на слепите

Британски научници успеале да го вратат видот на двајца мажи кои биле целосно слепи. Научниците студијата ја прават во болница на Оксфорд универзитетот.

Лекарите во основата на испитаниците заболени од генетско заболување на мрежницата на окото вградиле два мали бежични уреда кои детектираат светлина. Се работи за чипови од германска компанија Retina Implant AG кои собираат и сочинуваат до 1.500 ситни детектори на светлина. Чиповите се вградуваат под мрежницата. 

Благодарение на чиповите, оптичкиот нерв успева да ги прифати електронските сигнали и пациентите повторно добиваат вид. Интересно е тоа што сите функции на мрежницата ги превзема чипот, а веднаш по активирањето на таканаречените електронски очи, пациентите можат да детектираат светлина и да лоцираат предмети на темна подлога. 

Испитаниците кои прифатиле да им бидат вградени чипови се Крис Џејмс на 54 годишна возраст и Робин Илер (60 ) од Лондон. 

извор Makfax

www.doktori.mk, 14.06.2012

Последна вест

Најчитани статии - занимливости