Лутеин - антиоксиданс кој ги чува очите

доктор на медицина

...лутеинот има способност да го заштитува човековото тело од фототоксичното оштетување и од токсичните ефекти на слободните радикали, ултравиолетовото зрачење од сонцето, зрачењето од компјутерите и телевизорите, вештачкото осветлување и сл....

Лутеинот е вид на антиоксиданс кој припаѓа во групата на каротеноиди. Каротеноидите се природни липосолубилни пигменти кои се наоѓаат во различни видови на алги, овошје и зеленчук.

Студиите покажуваат дека лутеинот има способност да го заштитува човековото тело од фототоксичното оштетување и од токсичните ефекти на слободните радикали, ултравиолетовото зрачење од сонцето, зрачењето од компјутерите и телевизорите, вештачкото осветлување и сл.

Лутеинот е присутен во макулата на човечката ретина и во човековите микро-кристални очни леќи и игра важна улога во заштитата од старечката макуларна дегенерација и катаракта (старечко перде) и исто така штити од појавата на одредени видови на канцер.

Откако ќе се внесе лутеин во организмот, тој се таложи на macula lutea (жолта дамка) и ретината, како и во леќата на окото. Поради неговиот недостиг настануваат дегенеративни промени во овие делови на окото.

Извори на лутеин

Лутеинот не се синтетизира природно во организмот и затоа е потребно да се внесува преку диететски додатоци или преку храна богата со лутеин како на пример:

  • пченка,
  • брокули,
  • грав,
  • грашок,
  • зелка,
  • спанаќ,
  • марула,
  • киви,
  • грозје и сл.

Истражувања  вршени на Харвардскиот универзитет покажуваат дека употреба на дневна доза од 6 мг, го намалува оштеувањето на макулата за 40 %.

aвтор д-р Дарко Стојановски >>>  

 

 

www.doktori.mk, 09.06.2012

Последна вест

Најчитани статии - фармација