Опсесивно - компулсивно нарушување

студент по медицина

Опсесивно - компулсивното нарушување не е вообичаеното (двојно проверување) што секој од нас повремено го прави: дали вратата е заклучена, или рерната е исклучена.

Кај заболените од оспесивно-компулсивното нарушување овие мисли се многу засилени и тие влијаат врз секојдневните работи и односи. Познати се заболени кои што ги мијат рацете по 8 часа или секој ден го разместуваат целото домаќинство. Опсесивно-компулсивно нарушување е хроничо и не може да се контролира со волјата. Дури и по долги здрави периоди заболените можат да добијат напад од оваа болест без некаква видлива причина. Бидејќи опсесијата го обзема постепено засилувајќи се од безопасно интересирање за нешто преку размислување, до целосна преокупираност, луѓето честопати не знаат дека се болни од оваа нарушување. Кога по некое време опсесивно-компулсивното нарушување ќе почне да предизвикува симптоми кои влијаат врз секојдневниот живот, заболените можат да се обидат притисокот што го чувствуваат да го сокријат од другите и да се ослободат од него со силата на волјата. Иако нарушувањето може да се појави во детството, најчесто се појавува во адолесценцијата. Половина од возрасните заболени покажуваат барем некој од симптомите пред петнаесеттата година од животот. Се смета дека меѓу два и три проценти од луѓето во текот на животот доживуваат некој облик на опсесивно-компулсивно пореметување.

Симптоми

За опсесија

  • Несакани и постојани мисли што изгледаат бесмислени како што е невообичен страв од нечистотија : постојана загриженост поради некој минат настан.
  • Обиди за поттиснување на ваквите мисли.
  • Препознавање дека таквите мисли доаѓаат од својата мечта, а не однадвор.

За принуда

  • Повторување на дејствата како што е миење на рацете, проверување на бравите, раскренуваање, повторување зборови.
  • Препознавање дека повторувањето е претерано или неразумно.
  • Трескавично размислување или активност
  • Депресија и вознемиреност, бидејќи обидите за ослободување од овие принуди се покажуваат за неуспешни

Кај деца

  • Придушено однесување со притиснатост
  • Повекување во себе и социјална изолација придружена со размислување оптоварено со предвидувања.
  • Промени во расположението поради анкозиозност и очај.
  • Примерно однесување во спортот или училиштето придружено со принудно однесување.

 

Причинители

Во минатото се сметало дека опсесивно-компулсивното однесување или принудното однесување е знак на обземеност со зли духови, а егзорцизмот биле еден од најраните облици на лекување. Моментално постојат неколку теории за можните причинители на овој вид на нарушување. Според традиционалната хипотеза на фројдовската школа се смета дека опсесијата ги одразува несвесните желби од раната фаза на развој. Денеска најприфатена теорија е теоријата која што укажува на генетска склоност кон опсесивно-компулсивното нарушување што го предизвикува ниското ниво на серотонин , еден од нервните преносници во мозокот.

 

Лекување

Целта на лекувањето од овој тип болест е намалување на анкозиозноста, решавање на внатрешните судири и давање помош за усвојување на делотворните начини во борбата против анкозиозноста. Конвенционалното лекување може да ги вклучи психотерапијата или бихејвиористичка терапија, лековите против депресија и постапките за намалување на стресот. Се смета дека лековите во комбинација со бихејвиористичка терапија ги даваат најдобрите резултати.

Конвенционално лекување

Изгледа дека моментно најделотворен опсесивен лек е трицикличниот антидепресив кломипрамин, кој го подига нивото на серотонин во мозокот и доведува до намалување на симптомите кај возрасните за 30%до 60 % и кај децата од 70 % до 80 %. Другите лекови против депресија кои постигнуваат добри резултати се селективните инхибитори на повторно чување на серотининот, како што се флуоксетин, пароксетни и серталин. Бихевиористичката терапија се насочува кон промени на специфичното однесување како што се : присилено чистење прекинување на тоа што го придвижувало или замане со пожелна реакција. Според некои показатели 60 до 70 % од заболените од овој вид на нарушување се чувствуваат многу подобро по кусо лекување со бихејвиористичка терапија.

За децата од овој тип на нарушување е потребна и најважна семејната терапија.

Алтернативно лекување

Алтернативните начини на лекување помагаат во отстранувањето на анкозиозноста кај опсесивно-компулсивното нарушување и во ублажувањето на самите принуди. Масажата е полезна за намалување на вкочанетоста на вратот , рамената и грбот која ги мачи на многу заболени од опсесивно-компулсивното нарушување. Олабавувајќи ги мускулите, масажата ослободува од анкозиозноста и го намалува извршувањето на принудните дејства. Сите видови на вежби особено оние на јога кои ги истегнуваат и раздвижуваат многу мускули во телото имаат слично дејство.

Биофидбек

Бидејќи опсесијата и принудата се честопати начин на кој умот го конторолира чувствата како што се анкозиозноста, бесот, или тагата колку што повеќе мозокот успее да го намали интензитот на вакви чувства толку повеќе се намалува и опсесивно-компулсивното нарушување. Проучувањата докажале дека ЕЕГ биофидбекот познат како невротерапија е успешен во намалувањето на интензитетот на несаканите чувства.

За делотворно лекување од овој вид на нарушување се потребни меѓу 30 и 60 биофидбек вежби , но вежбите можат да доведат до трајни промени. Предноста на оваа техника е во тоа што на заболените им овозможува сами да управуваат со своето лекување.

Психоматско лекување

Многу психоматски вежби можат да помогнат во намалувањето на анкозиозноста поврзана со опсесивно-компусивно нарушување. Можат да помогнат медитацијата и другите техники на олабавување како што се прогресивното олабавување на мускулите , јога, таи чи и кигонг. Одберете една до две техники кои одговараат и применувајте ги секојдневно.

Бидејќи анкозиозноста секогаш е придружена со плитко дишење полезни се вежбите со длабоко дишење. Наизменичното дишење низ носните празнини за кое се смета дека ги поттикнува различните области на мозокот, исто така помагаат во намалувањето на анкозиозноста.

 

дознајте повеќе за авторот >>>

-aвторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 26.06.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина