Доктори.мк | Сестрите, болничарите и шалтерските работници на тапет | sestri-bolnicari-salterski-rabotnici-na-tapet | Портал за медицина и здравје

Сестрите, болничарите и шалтерските работници на тапет

Вкупно 531 испитаник од учесниците во истражувањето „Помогни да биде подобро“ оставиле коменари на прашањето: Што би сакале да се промени или подобри во лекувањето во Република Македонија? Истражувачкиот тим на Healthgrouper.com ги класифицираше коментарите во зависност од нивната сличност и повторување на најчесто користени термини употребени од страна на испитаниците.

Вкупно беа утврдени 3 водечки категории забелешки и предлози за подобрување во работењето на јавните (државните) здравствени установи.

• Да се подобри односот на средниот медицински персонал кон пациентите

• Да се скрати времето на чекање

• Да се подобри хигиената во јавните здравствени установи

 

Голем број од забелешките на пациентите кои учествуваа во истражувањето се однесуваат на односот на средниот медицински персонал во јавните здравствени установи. Пациентите се жалат на односот кој го имаат со шалтерските работници во јавните здравствени установи како и односот на медицинските сестри и болничарите. Во повеќе коментари пациентите особено се жалат од односот на средниот медицински персонал за време на викендите и во попладневните часови. Во продолжение следуваат само дел од коментарите кои ги оставиле испитаниците.

Искуства на пациентите

“Да се промени односот на медицинските сестри и болничари кои се премногу арогантни, посебно за време на викенди кога пациентите зависат од нив. Се однесуваат како да се главни на клиниката.” - пациентка од Скопје која се лекувала на Клиника за гинекологија.

“Персоналот кои не се доктори туку административци, медицински сестри, хигиеничари, а се однесуваат како доктори-директори. Немаат општа култура на однесување, а пак ако е малку гужва тогаш тешко тебе... може и да не стигнеш до докторот затоа што сестрата така сака...” - пациентка од Скопје која се лекувала на Клиника за гинекологија.

“Дајте им до знаење на болничарите како треба да си ги завршуваат обврските и кога треба да пијат кафе. Ова е битно затоа што болничарите се тие кои престојот на пациентите во установата го прават поднослив или мизерен. Чест на докторите, но од нив пациентите имаат потреба многу помалку отколку од болничарите, особено во попладневните и вечерните часови.” - пациентка која се лекувала на Клиника за трауматологија во Скопје.

извор Healthgrouper.com

продолжува...

www.doktori.mk, 29.05.2012

Последна вест

Најчитани статии - занимливости