Доктори.мк | Босилек – крал на билките | bosilek-kral-na-bilkite | Портал за медицина и здравје

Босилек – крал на билките

доктор по стоматологија

Босилекот (Octimum sanctum) во многу земји се смета за света билка која се користи во верски обреди. Освен тоа што е препознатлив по прекрасниот мирис, има и многу лековити својства.

Лековитите својства на босилекот

Древните народи сметале дека босилекот позитивно влијае, како врз телото, така и врз духот. Современите испитувања потврдуваат дека босилекот благотворно делува врз психата од луѓето бидејќи има смирувачко дејство и затоа се препорачува како природен лек против стресот и нервната напнатост, настанати од секојдневните грижи и притисоци. Посебно се препорачува за луѓе чија професија бара голем интелектуален напор затоа што придонесува и кон подобро памтење.

Босилекот, исто така, ги спречува и симптомите на настинка, како што се кашлица и болка во градите. Го зголемува апетитот и ја смалува надуеноста во стомакот. Пожелно е да се користи против цревни воспаленија и воспаленија на уринарните патишта. Народната медицина го препорачува босилекот за доилките, за подобро излачување на млекото.

Чајот од босилек, освен што придонесува за подобра општа состојба на организмот, ги смирува и симптомите на главоболка, несоница и мачнина. Го смирува и кашлањето, воспалението на желудникот, цревата и органите за излачување. Понекогаш се користи и за лекување на туберкулоза.

Етеричното масло од босилек делува антибактериски и е добар антиоксиданс.

Сокот од свежите листови на босилекот се употребува за испирање на устата и грлото, како и против кожни заболувања и убоди од инсекти. За лекувањето на разни воспаленија во усната празнина потребно е неколку пати во денот да се џвакаат неколку листови од босилек, со што би исчезнал и лошиот здив од устата.

 

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

повеќе за авторот>>>

www.doktori.mk, 28.05.2012

Последна вест

Најчитани статии - фармација