Масло од ленено семе

доктор на медицина

Ленот е билка со сини цветови која најмногу е присутна во прериите на западна Канада и е позната по нејзиното семе, кое што е богато со многу есенцијални масла. Маслото од ленено семе е најприродниот извор на Омега-3 масните киселини кои што се потребни за здрава функција на кардиоваскуларниот, коскениот, нервниот, респираторниот и дигестивниот систем.

Маслото од ленено семе содржи исто така Омега-6 и Омега-9 есенцијални масни киселини кои се во природен идеален сооднос, потоа Б витамини, калиум, лецитин, магнезиум, растителни влакна, протеини и цинк. Се до неодамна експертите веруваа дека најдобриот извор на Омега 3 се рибините масла. Но, клиничките тестирања покажуваат дека маслото од ленено семе содржи два пати повеќе Омега-3 есенцијални масни киселини отколку продуктите од рибино масло. Некои нутриционисти, истражувачи и научници веруваат дека маслото од ленено семе можеби е најважниот додаток за подобрување и одржување на здравјето.

 

Позитивни ефекти:

  • Омега-3 масните киселини значително го намалуваат нивото на холестерол во крвта и се од голема помош при третманот на многу срцево-садовни заболувања како висок крвен притисок, артериосклероза, тромбоза, срцева аритмија и сл.;
  • Маслото од ленено семе е најбогат извор на лигнан-молекули кои имаат антиоксидантни, антиканцерогени, антивирусни и антибактериски својства;
  • Земањето на есенцијалните масни киселини како додаток во исхраната дава одлични резултати при третманот на ревматичен артритис, остеопороза, метереопатија и други коскени заболувања;
  • Се користи при третманот на кожни заболувања како што се: алергии, акни, егземи, псоријаза и првут;
  • Маслото од ленено семе е одличен стимуланс кој го забрзува метаболизмот со што овозможува побрзо согорување на масните наслаги во организмот;
  • Успешно се користи и во третманот на мултиплекс склероза и дијабетес;
  • Ги ублажува симптомите на предменструалниот синдром (ПМС) кај женската популација;
  • Маслото од ленено семе го храни и одржува во оптимална функција нервниот систем и мозокот, ја подобрува меморијата, концентрацијата и расположението;
  • Ги ублажува симптомите на астма и други дишни заболувања;
  • Го зајакнува имунитетот и се препорачува за генерално одржување на здравјето на целиот организам.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Повеќе за авторот > > >

www.doktori.mk, 26.05.2012

Последна вест

Најчитани статии - исхрана