Доктори.мк | Готу Кола – билка која го храни мозокот | gotu-kola-centella-asiatica | Портал за медицина и здравје

Готу Кола – билка која го храни мозокот

доктор на медицина

Готу Кола (Centella Asiatica) е ползечка билка која расте во мочуришните области на Индија, Шри Ланка, Тајланд, Јужна Африка и тропските предели на светот. Готу Кола е многу важна медицинска билка која е широко употребувана во ориенталните предели, а во последниве години станува се повеќе популарна во западниот свет.

Индиското име на оваа билка е Брахми, и во Индија со векови е користена како ревитализирачка билка која ја зајакнува функцијата на нервниот систем и ја подобрува меморијата. Таа е исто така детоксифирачка билка и тоник за подмладување и релаксирање на нервниот систем. Во Ајурведата (Индиски свети списи) е спомната како билка која ги ревитализира нервните и мозочните клетки.

Готу Кола го зајакнува и храни имуниот систем, ја прочистува крвтa, игра улога на диуретик, корисна е во превенцијата и лекувањето на канцер, артритис, ревматизам, како и за одржување на здрава и чиста кожа.

Научните студии во 1995 год. покажале дека Готу Кола ги уништува култивираните ин витро туморозни клетки во лабораториски услови. Листовите на оваа мочуришна билка биле користени со векови ширум светот за третирање на лепра, канцер, проблеми со кожата, артритис, хемороиди и туберкулоза.

Редовната употреба на оваа билка може да го регенерира нервниот систем и затоа заслужува внимание како алтернативен лек за широк ранг на нервни заболувања и пореметувања, вклучувајки ја и мултиплекс склерозата.

Смирувачките ефекти на оваа билка ја прават погодна за надминување на несоницата, стресот, анксиознозноста- се користи да ги обнови енергетските резерви и да го третира физичкиот и менталниот замор. Поради сите овие дејства, Готу Кола е наречена “храна за мозокот”.Таа содржи витамин К и неколку есенцијални минерали во кои спаѓаат магнезиум, калциум и натриум.

 

 

 

Употреба на Готу Кола:

  • Готу Кола се користи за подобрување на циркулацијата и зајакнување на вените и капиларите (при третман на хронична венозна инсуфициенција, воспаленија на вените, варикозни вени и сл.);
  • За подобрување на менталните функции-ја подобрува меморијата и концентрацијата;
  • За виталност и за одржување на здравјето на целото тело (корисна е и за физички неактивни луѓе);
  • За третман на заболувања на црниот дроб и бубрезите;
  • За третман на кожни инфекции и заболувања (како псоријаза и егзем);
  • За ревитализација на сврзното ткиво при третманот на изгореници и рани;
  • Како помошно средство за слабеење и намалување на отоци;
  • За намалување на високиот крвен притисок и зајакнување на срцевиот мускул;
  • Готу Кола се користи и како благо седативно средство при третман на несоница, како афродизијак, анаболик и адаптоген. 

Напомена

Не се препорачува употребата на Готу Кола кај бремени жени, доилки и мали деца, кај дијабетичари и лица со покачено ниво на холестерол и триглицериди во крвта.

 

Дознajте повеќе за авторот >>>

www.doktori.mk, 19.05.2012

Последна вест

Најчитани статии - фармација