Мое осигурување, мој доктор - нов сервис за осигурeниците на ФЗОМ

ФЗОМ денес го претстави својот нов веб сервис - мое осигурување, мој доктор кој на осигурениците им овозможува бесплатна онлајн проверка на здравственото осигурување, без притоа да доставуваат сино картонче до избраниот лекар за да го докажат сопственото осигурување. За да се користат овие услуги потребно е да се има само компјутер интернет и мало познавање за истите. 

Од фондоте велат дека "на овој начин се продлабочува соработката и довербата помеѓу осигурениците, избраните лекари и Фондот.  Основната цел на овој проект (веб сервис ) е да се направи чекор кон укинување на сините картони, чекор кон воведување на е-здравство и полесно остварување на правата на осигурениците."

Следната презентација е преземена од веб страницата на ФЗОМ и подетално ќе ве запознае со новиот сервис:

www.doktori.mk, 16.05.2012

Најчитани статии - вести