Доктори.мк | 10 совети ако вашето дете не сака да јаде | 10-soveti-ako-vaseto-dete-ne-saka-da-jade | Портал за медицина и здравје

10 совети ако вашето дете не сака да јаде

доктор на медицина

Секоја мајка знае дека за правилен раст и развој на нејзиното дете е здравата и разноврсна исхрана. Но, по некое непишано правило она што е здраво и корисно, за малото дете знае да биде одбивно и невкусно. Tака, најчесто блитвата е лансирана на плочките од кујна, грашакот на убавиот чаршав...

 

По ова најчесто следува убедување, кое ако не вроди со плод продолжува со уценување: "ако не ја изедеш блитвата нема да добиеш чоколадо!" Според најновите истражувања, ваквата метода не носи никаков резултат, но затоа постојат неколку други ефикасни стратегии:

 

1. Нека вашето дете ви помага во подготовката на оброкот. Двегодишните деца уживаат да прават хаос во кујната, па ако е така нека го прават тоа за време на подготовката, а не за време на оброкот.

 

2. Ако паловковците прават ”циркус” на масата не придавајте им некоја голема важност. Покрај тоа не го гледајте во право во очи, туку насочете го погледот на нешто друго. Ќе видите, штом му го насочите вниманието на нешто друго интересно, ќе се смири и ќе има реална шанса дека ќе изеде неколку залачиња.

 

3. Немојте да го наливате детето со сок и не му дозволувајте да јаде грицки пред оброкот.

 

4. Не инсистирајте детето да јаде ако е преморено. Прво нека се одмори па тогаш понудете му оброк.

 

5. Ако упорно ја одбива храната, тргнете ја чинијата и не го присилувајте да со саати да седи на масата. Тоа има голем контра-ефект кој го прави нервозно вашето дете, а и вас мамички. :-)

 

6. Потрудете се вашата кулинарска вештина да ја прикажете пред главниот дегустатор. Аранжирајте со различни бои од зеленчукот и најразлични форми бидејки децата сакаат шаренило.

7. Ако еднаш ви ја плукне храната ,не значи дека постојано ќе го прави тоа. Вкусот на малечките брзо се менува,па така често се случува исплуканата храна од пред еден месец, набрзо слатко да ја јаде.

 

8. Ако детето не сака да го изеде пирето од брокула, немојте веднаш да му го понудите најсаканато јадење, бидејки понатаму ќе научи да манипулира со вас.

 

9. Мајки,секогаш бидете упорни и доследни. Само така ќе ја постигнете саканата цел. За тоa е потребна голема трпеливост, но се исплатува.

 

10. За крај, потрудете се да времето за оброк го претворите во слатка забава. Тоа не значи да донесето брдо играчки на масата,туко исполнете го времето со приказни, песнички и добро дружење со вашето малечко, а како подорок ќе добиете многу бакнежи и слатки насмевки кои ќе го направат вашиот ден незаменлив и единствен. Уживајте ;-)

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Повеќе статии од авторот >>>

www.doktori.mk, 16.05.2012

Последна вест

Најчитани статии - исхрана