Со јогурт до совршена фигура за летниот период

Со доаѓањето на сонцето се повеќе се посветуваме на враќањето на добрата форма на телото. Помислата на лето, плажа и костими за капење нè буди од долгиот зимски сон и веднаш се одлучуваме да го доведеме во ред нашето тело со ригорозни диети, не сфаќајќи дека на тој начин само му штетиме на нашиот организам.

Здравата исхрана е основа за формирање на витка фигура

За витка фигура, докторите не препорачуваат ригорозни диети, туку едноставно здрава исхрана, која вклучува секојдневно консумирање на појадок, ручек и вечера. Со изгладнување, организмот е изложен на голем стрес и имунолошкиот систем слабее. Тоа што е најважно е да се внесуваат сите хранливи состојки, само да се внимава на количината која се консумира. Покрај ова, препорачливо е секојдневните оброци да вклучуваат здрави производи кои помагаат при топењето на мастите, го забрзуваат метаблизмот и го јакнат имунолошкиот систем.

Пробиотските јогурти придонесуваат за намалување на телесната тежина

Пробиотските јогурти се едни од производите кои ги отстрануваат вишокот масти од организмот, што придонесува и за намалување на телесната тежина. Добиени со додавање бактериски култури земени од млекото, овие видови на јогурт ја поттикнуваат трансформација на шеќерот од млекото во млечна киселина. Квалификуван како храна која е составена од калциум, Б витамини, калиум, фосфор и слично, јогуртот исто така е збогатен и со живи и активни култури на бактерии кои го јакнат организмот и ја регулираат работата на желудникот особено при дисбаланс во процесот на варење на храната.

„Баланс+“ позитивно влијае на вашето здравје

„Баланс+“, пробиотскиот ферментиран млечен производ од БиМилк, позитивно влијае на дигестивниот тракт, ги отстранува вишокот масти од организмот, го стимулира варењето и го забрзува метаболизмот, помага при намалување на холестеролот и разните видови на инфекции и во целост го јакне имунитетот на организмот.

Внимавајте на фигурата и зајакнете го вашето здравје во исто време.

 

 

-комерцијален текст-

www.doktori.mk, 11.05.2012

Последна вест

Најчитани статии - исхрана