Доктори.мк | Лутеин | lutein | Портал за медицина и здравје

Лутеин

доктор на медицина

Лутеинот е вид на антиоксиданс кој припаѓа во групата на каротеноиди. Каротеноидите се природни липосолубилни пигменти кои се наоѓаат во различни видови на алги, овошје и зеленчук.

Лутеинот го заштитува окото од фототоксично оштетување

Студиите покажуваат дека лутеинот има способност да го заштитува човековото око од фототоксичното оштетување и од токсичните ефекти на слободните радикали, ултравиолетовото зрачење од сонцето, зрачењето од компјутерите и телевизорите, вештачкото осветлување и сл. Лутеинот е присутен во макулата на човечката ретина и во човековите микро-кристални очни леќи и игра важна улога во заштитата од старечката макуларна дегенерација и катаракта (старечко перде), а исто така штити од појавата на одредени видови на канцер. Откако ќе се внесе лутеин во организмот тој се таложи на macula lutea (жолта дамка) и ретината, како и во леќата на окото. Поради неговиот недостиг настануваат дегенеративни промени во овие делови на окото.

Лутеинот треба да се внесува преку диететски додатоци и храна богата со лутеин

Лутеинот не се синтетизира природно во организмот и затоа е потребно да се внесува преку диететски додатоци или преку храна богата со лутеин, како на пример: пченка, брокули, грав, грашок, зелка, спанаќ, марула, киви, грозје и сл.

Истражувањата што се вршени на Харвардскиот универзитет покажуваат дека употреба на дневна доза од 6 мг, го намалува оштеувањето на макулата за 40%.

 

Останати статии од авторот >>>

www.doktori.mk, 08.05.2012

Последна вест

Најчитани статии - фармација