Chasteberry дрво - вид дива лаванда која се користи уште од антиката

доктор на медицина

Chasteberry дрвото (Vitex agnus - castus) му припаѓа на семејството Verbenaceae, познато како вид дива лаванда (популарно наречена витекс). Растението води потекло од тропските предели по долините на реките во Јужна Европа и Медитеранот, а како украсно растение се одгледува во САД.

Старите Грци и Римјани ги користеле листовите и плодовите од ова растение во лекувањето на проблемите со дигестивниот тракт, за третман на рани на кожата и за подобрување на женското здравје.

Карактеристики:

Витексот содржи антиоксиданси од типот на флавоноиди, алкалоиди, дитерпеноиди, витексин, кастицин како и етерични масла (цинеол, лимонен и др.), кои ги стабилизираат проблемите со женските хормони, помагаат при ПМС и одржување на сексуалното здравје. Овие компоненти поволно делуваат при пореметување на менструалниот циклус и менопаузата и кај различни гинеколошки заболувања како што се: синдром на полицистични јајници (ги ублажуваат симптомите), циклична масталгија, хиперпролактинемија (зголемено ниво на пролактин во крвта) и сл.

Витексот го зголемува нивото на прогестеронот и ја стимулира хипофизата во создавањето на хормони и формирање на фоликули; поволно делува при кожните промени за време на пубертетот како што се акни и дисебореа; ја зголемува лактацијата и се препорачува да се зема во првите 10 дена по породувањето. Ако се зема пред спиење може да го подобри спиењето (го стимулира создавањето на мелатонин).

Примена:

  • При третман на предменструален синдром (препорачливо е да се комбинира со витамин Б6);
  • За регулирање на менструалниот циклус (аменореја и дисменореја);
  • Се препорачува за време на менопаузата;
  • За подобрување на овулацијата (стимулирање на фоликулите);
  • За подобрување на либидото и зголемување на сексуалната енергија.
  • Кај заболувања на кожа, коса и нокти;
  • Кај невролошки заболувања како Алцхајмерова болест и аутизам,
  • При разни инфекции и малигни заболувања и др.

 

Останати статии од авторот >>>

 

 

www.doktori.mk, 05.05.2012

Последна вест

Најчитани статии - фармација