Доктори.мк | Дамјана – растение кое ја зголемува сексуалната енергија | damjana-Turnera-diffusa | Портал за медицина и здравје

Дамјана – растение кое ја зголемува сексуалната енергија

доктор на медицина

Дамјана (Turnera diffusa) е вид на ниска грмушка со жолти цветови која потекнува од Мексико и Централна Америка. Листовите на оваа билка со векови биле користени во традиционалната медицина на старите народи од Мексико, вклучувајки ги и древните Маи како природен афродизијак, антидепресив, антисептик, диуретик, при импотенција и менструални тегоби.

Таа содржи многу био-активни компоненти: флавоноиди, резини, танин, дамјанин, есенцијални масла, фосфор во трагови и др. кои стимулираат бројни биолошки процеси во организмот.

Од сите познати благотворни дејства, способноста на оваа билка да ја зајакне и стимулира сексуалната функција кај мажите и кај жените предизвика огромен интерес кај научниците ширум светот.

Листот од  Дамјана ја поттикнува сексуалната енергија кај мажите и кај жените на природен начин. Оваа билка е енергетски тоник кој го засилува либидото и ја подобрува циркулацијата на крвта во половите органи, заради што се препорачува кај мажите како здрава хербална замена за Вијагра која не предизвикува никакви споредни штетни ефекти. Таа исто така ја зголемува и женската сексуална енергија и задоволство и во исто време го одржува здравјето на женскиот репродуктивен систем.

Оваа билка традиционално се користи и за третман на многу различни состојби, како што се: мускулна слабост, емфизем, ниско ниво на естроген во крвта, фригидност, валунзи (жешки бранови по телото), импотенција, неплодност, менопауза, Паркинсонова болест, ПМС, депресија, воспаление на простатата и др.

Употреба: 

  • Листот од Дамјана ја поттикнува сексуалната енергија кај мажите и кај жените на природен начин;
  • Го одржува здравјето на женскиот репродуктивен систем, има афродизијачки и диуретски ефект;
  • Се употребува и за елиминација на психо-физичкиот замор и има балансирачки ефект на хормоните поради што се препорачува за третман на ПМС и менопаузата кај жените во репродуктивниот период;
  • Се користи и за третман на неплодност кај мажите (ја подобрува сперматогенезата) и кај жените (ја стимулира овулацијата) и ја подобрува репродуктивната способност, расположението и виталноста на организмот. 

Дознајте повеќе за авторот >>>

www.doktori.mk, 01.05.2012

Последна вест

Најчитани статии - фармација