Карпал тунел синдром (Carpal Tunnel Syndrome)

доктор на медицина

Карпал тунел синдромот е медицинска состојба која што настанува поради компресија на n.medianus. Тоа е нерв кој ги инервира дел од мускулите на раката одговорни за флексија. Овој нерв минува низ т.н. carpal tunnel-ов простор.

Нервот минува низ коскениот дел на овој канал кој се наоѓа на палмарната страна на зглобот на шаката. Поради честите движења на овој зглоб, не ретко се случува нервот да се надразни, воспали и да дојде до негова компромитираност и надразнетост.

Причини за појава на синдромот

Причини кои може да доведат до појава на овој синдром се: идиопатски, обезност, користење на орални контрацептивни пилули, артритис, траума и сл. Често се јавува кај луѓе кои постојанo прават повторувачки движења на зглобот на шаката, како на пример: шиење, претерана работа на машина за пишување или компјутер, играње тенис и сл.

Симптоми

При оваа состојба пациентот се жали на чуство на трнење, парестезии, болка во прстите (палецот, показалецот и средниот прст). Најчесто тегобите се јавуваат ноќе, го будат од сон, а пациентот со тресење на рацете си ги олеснува истите. Ако не се реагира на време може да дојде до дегенеративни промени на нервот, а со тоа и до атрофија на мускулите кои тој ги инервира, чувство на вкочанетост, чувство на жежење на прстите, боцкање, болка во зглобови, слабост на дланката – паѓање на предмети од рака.

Дијагноза

Оваа состојба лесно се дијагностицира со помош на неколку тестови:

  • Phalen–ов тест
  • Tinel-ов тест
  • Durkan-ов тест

Терапија

Терапијата се состои во одмарање на зглобот од чести повторувачки движења, лекување на основното заболување, имобилизација на зглобот (особено ноќе) со помош на ортопедски ракавици, а при неиздржливи тегоби може локално да се даваат кортикостероидни инјекции и НСАИЛ.

При потешките случаи се применува хируршка терапија.

 

 

Повеќе за авторот >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 29.06.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина