Нони - тропско овојше од Хавајските острови

доктор на медицина

Нони (Morinda Citrifolia) е вид на тропско овошје со извонредни карактеристики кое има широка употреба во народната медицина на Полинезиските народи, како и во Кина и Индија веќе 2000 години.

Плодот од нони (Индиска дудинка), како и неговите листови и коренот изобилуваат со лековити својства, заради што сеуште се користат од страна на локалните жители на Хавајските Острови како исцелувачки тоник за целиот организам.

Нутритивен профил

Научните истражувања покажуваат дека сокот од нони содржи 10 есенцијални витамини, 7 минерали, 18 аминокиселини, како и овошни киселини, полисахариди и нутриционистички ензими, во кои спаѓаат: витамин Ц, А, ниацин (Б3), калиум, калциум, натриум, железо, манган, магнезиум, алкалоид наречен ксеронин и многу други.

Својствата на алкалоидот ксеронин

Биохемичарите веруваат дека токму овој алкалоид наречен ксеронин е одговорен за лековитата моќ на ова чудесно тропско растение. Нони содржи значителна количина на проксеронин кој потоа се претвора во ксеронин (посебно кога нони сокот се употребува на гладно). Еден истражувач од Хавајскиот Универзитет кој со години го проучува ксеронинот тврди дека сокот од нони со својата висока концентрација на проксеронин може да помогне при состојби на покачен крвен притисок, артритис, менструални болки, желудечни чиреви, артериосклероза, депресија и нервни нарушувања, како и многу други заболувања и состојби.

Употреба:

  • Нарушувања на функцијата на имуниот систем, како што е синдромот на хроничен замор, чести настинки и инфекции и сл.;
  • Се користи за стабилизирање на нивото на шеќер во крвта кај дијабетичарите;
  • При воспаленија и болки во коските и зглобовите, ревматични и артритични заболувања и сл.;
  • Нони се препорачува и за подобрување на дигестијата, за отстранување цревни паразити и генерално прочистување на целиот дигестивен тракт, како и за чиреви, синдром на иритабилно црево, констипација и дијареа.

Една студија изведена кај група пушачи покажува дека покаченото ниво на холестерол и триглицериди во крвта се нормализирало по само еден месец на редовна употреба на сокот од нони.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување- 

Останати статии од авторот >>>

www.doktori.mk, 24.04.2012

Последна вест

Најчитани статии - исхрана