Gymnema Sylvestre - уништувач на шеќерот

доктор на медицина

Gymnema Sylvestre е уникатна лековита билка која со векови се користела во aјурведската медицина.

Оваа билка во Индија се нарекува Гурмар - што на санскрит значи „уништувач на шеќерот” . Таа спаѓа во групата на ползечки растенија кои растат во тропските шуми на Централна и Јужна Индија. Листовите и корењата од ова растение во времето на старите Хиндуси биле користени првенствено за лекување на шеќерната болест, каснувања од змија, маларија, кашлица, како и проблеми со дигестивниот тракт и црниот дроб.

Активни супстанции во оваа билка се тритерпеноидните сапонини: гимнемска киселина, кверцитол, бета-амирин и стигмастерол.

Антидијабетичниот потенцијал на оваа билка е причината што таа денес првенствено се користи за третман на дијабетес но таа исто така покажува поволни резултати и во третманот на анемија, уринарни инфекции, зголемен холестерол, регулирација на телесната тежина и задршка на течности, односно има антидијабетично, антиалергиско, антивирусно и антиинфламаторно дејство.

Истражувањата покажуваат дека оваа билка билка го потпомага здравиот метаболизам на шеќерите и ја подобрува функцијата на панкреасот. Таа ја стимулира регенерацијата на бета клетките кои се одговорни за ослободувањето на инсулин во панкреасот заради што е многу ефективна во третманот на дијабетес тип 1 и тип 2.

Овој производ може да се комбинира и со други природни билки и минерали кои го регулираат шеќерот шеќерот во крвта како што се: цинк, хром, цимет и сл.

Примена:

  • Се препорачува во терапијата на дијабетес тип 1 и тип 2 (со препорака од лекар);
  • За регулирање на холестеролот и триглицеридите;
  • Се препорачува како додатно средство за слабеење кај зголемена телесна тежина.

  -авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

останати статии од авторот >>>

www.doktori.mk, 21.04.2012

Последна вест

Најчитани статии - фармација