Доктори.мк | Грејпфрут - здравје и виталност од јужните краишта | grejpfrut-zdravje-i-vitalnost-od-juznite-kraista | Портал за медицина и здравје

Грејпфрут - здравје и виталност од јужните краишта

доктор на медицина

Ова јужно овошје нуди вистинско освежување и нутритивно надополнување на организмот. Дознајте кои се неговите адути.

Нутритивен профил

Грејпфрутот е вид на јужно овошје кое е богато со витамини и минерали во кои спаѓаат:

  • витамин Ц,
  • бета каротен (кој во човековото тело се трансформира во витамин А),
  • калиум,
  • калциум,
  • железо,

Содржи и други важни нутриционистички и хемиски состојки:

  • биофлавоноиди,
  • цитрична киселина,
  • ликопен и
  • лимоноиди.

 

Придобивки за здравјето

Растителни влакна

Oва овошје е и богат природен извор на растворливи растителни влакна кои создаваат чувство на ситост и го намалуваат апетитот поради што грејпфрутот првенствено се користи за согорување на масните наслаги кај сите оне кои сакаат да ја намалат на телесната тежина.

Ликопен

Ликопенот вид на каротеноид кој има антиканцерогена активност и најголема моќ во борбата со слободните радикали) 

Екстракти од грејпфрут

Пектинот од грејпфрут е природна супстанца која е екстрахирана од пулпата и кората на грејпфрутот.

Екстрактот од грејпфрут помага во намалувањето на нивото на холестеролот и тригицеридите во крвта во нормални граници и го регулира шеќерот во крвта. Ова јужно овошје го одржува и здравјето на дигестивниот систем, помага во превенцијата на артериосклеротичните промени (го намалува ЛДЛ холестеролот и триглицеридите), ги превенира кардиоваскуларните заболувања и го детоксифицира организмот.

Останати корисни својства

Покрај овие својсва, грејпфрутот има антибактериско, антипаразитско и антисептичко дејство, а помага и при настинки, слабеење, камења во бубрезите, чир на желудникот и сл.

Грејпфрутот го одржува и здравјето на дигестивниот систем, ја стимулира перисталтиката на цревата со што помага при констипација, а исто така има и антисептички и диуретски ефекти.

Богат извор на Витамин Ц

Грејпфрутот е одличен извор на витамин Ц, со што го помага имуниот систем, се бори против воспалителните процеси и слободните радикали.

Против камења во бубрезите

Истражувањата покажуваат дека пиењето ½ до 1 литар џус од грејпфрут дневно, ја менува Ph вредноста на урината и го зголемува излачувањето на цитрична киселина и на тој начин го намалува ризикот од настанување на камења во бубрезите.

Детоксикација

Грејпфрутот исто така ја зголемува продукцијата и активноста на детоксифицирачките ензими на црниот дроб, кои се одговорни за елиминација на токсичните материи од организмот.

 

Употреба:

  • Го намалува апетитот;
  • Помага во разградување на масните наслаги;
  • Ги превенира артериосклеротичните промени;
  • Помага во детоксификација на организмот и исфрлање на вишокот на течностите;
  • Го намалува ризикот од настанување на бубрежни камења;
  • Ја превенира појавата на егзем на кожата и др.

-aвторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

дознајте повеќе за авторот >>>

 

www.doktori.mk, 17.04.2012

Последна вест

Најчитани статии - исхрана