Сакаме да ги слушнеме проблемите на пациентите

Меѓународниот проект www.healthgrouper.com во соработка со најпопуларниот македонски здравствен интернет портал www.doktori.mk од денес ја започнуваат кампањата:

“Помогни да биде подобро”

Во кампањата ќе се истражуваат искуствата на сите граѓани кои биле корисници на здравствени услуги во приватен или државен здравствен сектор во изминатите 12 месеци во Република Македонија. До истражувањето може да се пристапи од веб страната на www.doktori.mk,  www.healthgrouper.com/mk или преку Facebook. 

Целта на ова истражување е да понуди повеќе одговори како може да се подобрат состојбите за лекување во здравствениот систем на Република Македонија. “Сакаме да ги слушнеме сите проблеми со кои се соочуваат пациентите, како и да ги дознаеме позитивните работи во процесот на лекување” истакнува д-р Владимир Лазаревиќ од Хелтгрупер. Искуствата на пациентите ќе помогнат да се актуелизираат и подобрат состојбите за сите во здравството во Македонија. Токму поради тоа оваа интернет кампања се вика Помогни да биде подобро

Задоволството на пациентите од процесот, и се разбира крајниот исход на лекувањето се помеѓу најбитните индикатори за проценка на квалитетот на здравствената услуга. Анализата на одговорите ќе овозможи објективно да се увидат и потврдат сите позитивни аспекти од работењето на здравствените установи и докторите, како и да се посочат одредени недостатоци за кои пациентите како корисници можат најдобро да посочат.

Ова електронско истражување за прв пат во Македонија им ја нуди можноста на сите корисници на здравствени услуги (пациенти) да бидат уверени дека нивното одговори се целосно анонимни без можност да се утврди како одговориле одделните испитаници. Резултатите ќе бидат презентирани во збирна форма. 

Сакаме да ги охрабриме сите корисници на здравствени услуги да ја искористат оваа можност, да учествуваат во истражувањето и да бидат искрени во нивните одговори. 

Хелтгрупер истото истражување ќе го спроведе во Бугарија и Србија со цел да се добијат споредбени податоци за искуствата од користењето на здравствени услуги во овие земји. 

 

>>> КЛИКНИ ЗА ДА УЧЕСТВУВАШ <<<

www.doktori.mk, 15.04.2012

Последна вест

Најчитани статии - медицина