Хром – активатор на метаболизмот

доктор на медицина

Хромот е есенцијален минерал кој е потребен за метаболизмот на јаглените хидрати, протеините и мастите.

Неговиот биолошки активен облик е хром-пиколинатот, уникатна молекула која го комбинира хромот со пиколинска киселина (состојка која се наоѓа во мајчиното млеко) која ја забрзува синтезата на белковините и помага во апсорпцијата на другите минерали во организмот.

 

Природни извори

Хромот е присутен во различни видови храна и пијалоци како што се:

  • житарици,
  • печурки,
  • органско месо,
  • зачини (бибер),
  • кафе,
  • чај,
  • вино, 
  • пивскиот квасец и др.

 

 

 

Корисни дејства

Хромот го стимулира метаболизмот на шеќерите, го засилува дејството на инсулинот и ја стабилизира енергетската рамнотежа со постојано регулирање на нивото на шеќерот во крвта заради што најчесто се препорачува кај лица со хипергликемија (покачено ниво на шеќер во крвта) и дијабетес тип 2.

Хромот исто така го помага растот, делува во намалување на крвниот притисок и го помага слабеењето.

 

Хромот е извонредно корисен за развојот на мускулите и намалувањето на телесните масти кај спортистите, посебно кој боди билдерите поради неговото анаболичко дејство.

Зголемена потреба од хрoм имаат постарите лица, лицата кои не внесуваат доволно минерали со исхраната и користат рафинирани продукти (бел шеќер, бело брашно и рафинирана сол), бремени жени и доилки, индивидуи изложени на хроничен стрес и лица кои се на интравенозна исхрана.

Недостаток на хром

Недостатокот на хром може да доведе до појава на дијабетес, високо ниво на холестерол и триглицериди, срцеви заболувања, а кај спортистите може да предизвика намалување на физичката сила и развојот на мускулите.

Останати статии од авторот >>>

-авторски текст, не смее да се корсти за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 12.04.2012

Последна вест

Најчитани статии - фармација