Праз - зеленчук за долг живот

доктор по стоматологија

Иако знаеме за тоа колку се здрави кромидот и лукот за јадење, сепак одбегнуваме да ги јадеме заради нивниот мирис. Поради тоа одбегнуваме да го јадеме и празот кој важи за еден од најдобрите зеленчуци. Откако ќе слушнете што сè содржи верувам ќе се подзамислите. Ако ништо друго пробајте, можеби ќе ви се допадне.

Според нутритивниот состав празот е подобар од лукот и кромидот, бидејќи содржи повеќе белковини, бета-каротен и витамин Ц. Содржи и фолна киселина во големи количини. Од минерали, празот е богат со манган,  железо, магнезиум, фосфор, калиум и калциум.

Зеленчук за здрав живот

Празот има повеќеструко влијание врз организмот. Неговиот внес во исхраната е многу важен од следните аспекти: 

  • Варењето на храната

Етеричните масла што се содржат во овој зеленчук влијаат на излачувањето на етеричните масла, а со тоа влијаат на варењето на храната. Кога јадете висококалорични оброци, особено месо, добро е да каснете и свеж праз.

  • Работата на срцето

Тоа што го прави празот поинаков од другите зеленчуци е состојката позната како алицин. Станува збор за природен антибиотик  што го намалува крвниот притисок, холестеролот во крвта и го јакне имунитетот. Токму поради тоа, празот е одличен  превентивен лек против кардиоваскуларни болести.

  • Работата на бубрезите

Во својот состав празот располага со калиум, а послабо со натриум или сол. Калиумот влијае на излачувањето на течностите и токсините преку бубрезите. Тој треба да биде незаменлив оброк на трпезата на бубрежно болните.

  • Изгледот на кожата

Дозите на витамин Е и каротен што може да се сретнат во празот може да бидат вашиот најголем сојузник во постигнување здрава, еластична и нежна кожа. Супата од праз докажано го подобрува и го осветлува тенот.

Страв за калориите

Празот содржи минимално количество калории. Во 100 грама праз има само 30 калории. Истото се однесува и на мастите и шеќерите. Oд друга страна - изобилува со целулоза и ве прави подолго време сити.

Празот е вистински страв за калориите. Ги согорува со неверојатна брзина, затоа се препорачува во сите режими на исхрана. Тие што имаат намера да одржуваат линија, задолжително нека го јадат во комбинација со месо, за побрзо да се ослободат од мастите.

Дознајте повеќе за авторот >>>

-Aвторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 10.04.2012

Последна вест

Најчитани статии - исхрана