Светски ден на здравјетo 2012 - Доброто здравје им дава живот на годините

Светскиот ден на здравјето се прославува на 7 Април за да го означи основањето на Светската здравствена организација(СЗО).

Секоја година организацијата по повод овој ден избира важно прашање поврзано со здравјето и ги охрабрува луѓето од сите возрасти и средини да го одбележат денот, истакнувајќи го значењето на избраната годишна тема. Светскиот ден на здравјето претставува единствена можност да се соединат барем на еден ден луѓето и заедниците ширум светот, и да преземат заедничка акција во насока на подобрување на здравјето и благосостојбата на сите нас .

 

Мотото за 2012 година е:

"Доброто здравје им дава живот на годините"

Стареењето не засега сите - без разлика на возраста, полот, богатството, местото во кое живееме. . .

Во тек на минатиот век, човештвото се трудеше да додава што е можно повеќе години на животот, односно да го продолжува животниот век. Тоа не доведе до ситуација во која наскоро во тек на ова столетие, за првпат во историјата во светот ќе има повеќе стари лица  отколку деца. Искуството од стареењето во 21от век ќе биде многу поинакво од она во претходните столетија. Околностите налагаат одново да се обмисли стареењето, односно да им се даде што повеќе содржина и смисол на годините. 

Несомнено тука лежи и потребата да се актуелизира темата за стареењето и здравјето. 

СЗО годинава не поттикнува да размислиме за тоа какво општество сакаме да создаваме. Потребно е да ги земеме во предвид неопходните политики и активности кои ќе ни овозможат да се справиме со стареењето на популацијата на здрав начин.

Само здравите животни навики практикувани во текот на целиот животен век можат да им помогнат на постарите мажи и жени да водат исполнет и продуктивен живот.  Заедно со нашата поддршка при рушењето на стереотипите, ќе се создадат поголеми можности постарите лица активно да се вклучат во сите сфери на општественото функционирање и да придонесуваат - со своите способности и умешности - секој на свој начин... 

 

 

 

 

Што може секој од нас да направи?

  • Започнете рано со здрави животни навики
  • Старите лица чувајте ги во срцето на семејството и заедницата
  • Потрудете се да ги разберете потребите на старите лица и правете планови за нив
  • Ценете го нивниот придонес во општеството
  • Обезбедете добра и достапна здравствена нега

и запомнете - Доброто здравје им дава живот на годините ;-)

 

Не пропуштајте ги следните

10 факти за стареењето и животниот век >>>

 

www.doktori.mk, 07.04.2012

Последна вест

Најчитани статии - занимливости