Доктори.мк | Зголемете ја отпорноста на вашето дете | zgolemete-ja-otpornosta-na-vaseto-dete | Портал за медицина и здравје

Зголемете ја отпорноста на вашето дете

Општи услови на челичење

Челичењето е процес во кој детето се става во такви услови на надворешната средина (за време на будност и сон) со цел да се зголеми отпорноста на организмот кон нагли промени на температурата, влагата, ветерот и сонцето.

Во денешно време го одгледуваме детето во идеална надворешна средина и тоа навикнува кон неа, па секоја најмала промена на факторите (намалување на температурата, влажноста или др.) ќе влијае негативно врз неговото здравје. Не сугерирам дека треба да го одгледуваме детето на темно, влажно и ладно место. Челичењето е предмет на принципи кои треба строго да се почитуваат за да може сите наши напори во оваа насока да доведат до посакуваната крајна цел. Тоа се врши со помош на главните фактори на надворешната средина – воздух, вода и сонце.

Челичењето е систематски процес

За успешно челичење треба да го вклучиме влијанието на овие фактори врз детето по ред, силата на нивното влијание е потребно да се зголемува постепено и еднаш веќе почнатото челичење би требало да продолжи систематски (секој ден овие фактори да влијаат). Челичењето е процес кој бара индивидуален пристап и треба да е максимално адаптирано кон индивидуалните особености и темпераментот на вашето дете. Тука спаѓаат условите на средината во која детето живее. Таа треба да обезбеди мирен сон и будност. Детето треба да се чувствува удобно – да не се поти или трепери. Температурата на собата е оптимална кога е околу 23-24 степени, а промените кои детето може да ги издржи без да се постигне ефект на стрес се во рамките на 2-3 степени. За време на сон собната температура би требало да е 18-20 степени.

Имајте на ум дека девојчињата се склони кон повисока температура, додека момчињата се чувствуваат подобро и се помирни кон пониски температури. Ова важи особено за време на сон. Пониска температура за време на сон ви гарантира мир, на вас и детето – тоа не се врти, не плаче, туку се стуткало под покривката и спие мирно и благо. Важна е и влажноста на воздухот, чија оптимална вредност е околу 40-60%. Високата влажност, или обратно - сувиот воздух, обично го мачат детето. Важно за зацврстување на детето е присуството на свеж воздух. Ова бара секојдневно често проветрување на просторијата во која се наоѓа тоа. Прошетки во природата исто така обезбедуваат чист воздух.

 

повеќе за авторот >>>

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 05.04.2012

Последна вест

Најчитани статии - медицина