Доктори.мк | Црвена детелина – уникатна билка со позитивни ефекти врз женското здравје | crvena-detelina-Trifolium-pratense | Портал за медицина и здравје

Црвена детелина – уникатна билка со позитивни ефекти врз женското здравје

доктор на медицина

Црвената детелина (Trifolium pratense) е повеќегодишна билка која спаѓа во фамилијата Легуминози и расте во многу региони насекаде низ светот.

Таа е уникатна билка која е најпопуларна кај понежниот пол заради позитивните ефекти врз женското здравје. Во ботаниката најмногу се цени и употребува нејзиниот цвет кој има розово-пурпурна боја и изобилува со витамини и минерали.

Цветот од црвена детелина се користи во многу хербални формули за третирање на менопаузата кај жените и е позната меѓу хербалистите како фитоестрогена билка која е многу корисна за воспоставување и одржување на естрогениот баланс кај жените.

Во цветот на црвената детелина се наоѓаат хемиски состојки наречени изофлавони кои делуваат на сличен начин како естрогенот во женскиот циркулаторен систем. Оваа билка е специјално наменета за подобрување на физичката и емоционалната состојба за време на менопаузалната транзиција и во пост-менопаузалниот период.

Други хемиски компоненти присутни во црвената детелина се салицилна киселина, есенцијални масла, фитостерол, флавоноиди, силика, холин и лецитин.

Таа содржи и витамин А, витамин Ц, Б - Комплекс, калциум, калиум, фосфор, хром, железо и магнезиум.

Поради присуството на калциумот и магнезиумот оваа билка има благ седативен ефект кој го релаксира нервниот систем и ги намалува непријатните симптоми на менопаузата кај жените како што се топлите бранови и хормоналниот дисбаланс.

Во традиционалната медицина црвената детелина се користела за подобрување на функцијата на имуниот систем и циркулацијата на лимфата во организмот.

Црвената детелина исто така е позната како детоксификатор на крвта и е корисна за подобрување на функцијата на црниот дроб.

Чајот од црвена детелина во европската традиционална медицина се користел со векови како експекторант и антиспазмодик кај инфекции на горниот респираторен тракт-кашлица, бронхитис, астма и сл.

 

останати статии од авторот >>>

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 03.04.2012

Последна вест

Најчитани статии - фармација