Ракот на белите дробови e најчеста причина за смрт од малигни заболувања. Се смета дека во светот има повеќе од 2,1 милиони нови случаи заболени од рак на бели дробови секоја година .

Ракот на белите дробови настанува како резултат на неконтролирана пролиферација на малигните клетки во белите дробови.
1) Неситноклеточен белодробен карцином
Неситноклеточниот белодробен карцином е најчест и опфаќа 75% од сите белодробни карциноми. Има три главни типа на овој карцином:
2) Ситноклеточен белодробен карцином
Овој тип на карцином најчесто рано метастазира и има понеповолна прогноза.
Пушењето е најзначаен ризик фактор за морбидитет од рак на белите дробови. Пушењето е причина за 90% од случаите на рак на белите дробови. Чадот од цигарите содржи повеќе од 60 штетни хемиски супстанции кои предизвикуваат малигни процеси во телото. Ризикот од смрт од рак на белите дробови се зголемува со должината на пушењето и бројот на испушени цигари на ден.
Надворешни фактори - изложувањето на радон, азбест, загадувањето на воздухот, издувните гасови од течните горива го зголемуваат ризикот.
Ракот на белите дробови е подмолно заболување, бидејќи симптомите често не се манифестираат се додека болеста не е доста напредната. Особено внимание треба да се обрне на следниве симптоми:
Доколку се присутни повеќе од овие симптоми се препорачува консултација со лекар.
Најважните дијагностички методи кои се користат се:


Ако биде дијгностициран на почетокот, ракот на белите дробови може да се излечи. За жал, повеќето случаи на рак на бели дробови се дијагностицираат кога болеста е веќе во напредна фаза. Една или повеќе опции за третман може да се примени во зависност од видот на ракот, од фазата на болеста, од метастазите и ширењето на други органи, како и од општата состојба и возраста на пациентот. Постојат неколку терапевтски пристапи во лекувањето на рак на белите дробови.
1) Хируршка интервенција - Туморот може целосно да се отстрани доколку е мал и не се раширил на други делови од телото. Се отстранува туморот и околното ткиво. Може да се отстрани дел од белиот дроб или цело белодробно крило. При операција треба да се извадат и лимфните јазли за да се испита дали има туморски клетки. Хируршки третман најчесто се применува во 1-2 стадиум на болеста.
2) Зрачење - се користат високоенергетски рентгенски зраци за да го уништат и намалат туморот. Со зрачењето се намалуваат и некои од симптомите. Може да се направи пред и после операција. Овој третман најчесто се користи во 2-3 стадиум на болеста.
3) Хемотерапија - се примаат лекови-цитостатици кои ги уништуваат канцер клетките. Оваа терапија делува и на здравите клетки кои имаат способност брзо да се делат(коскена срж,фоликули на влакната). Може да се комбинираат повеќе цитостатици истовремено.Се применува најчесто во 3 стадиум на болеста.
4) Таргетирана(целна) група - се применува eрлотиниб кој ги уништува само канцер клетките и го забавува растот на туморот. Може да се дава со и без анти-ангиогенезна терапија (бевацизумаб).
5) Анти-ангиогенезна терапија со моноклонални антитела– бевацизумаб ги уништува туморските крвни садови и спречува создавање на нови со што се прегладнува туморот. Уште се нарекува и терапија на одржување.

oстанати статии од авторот >>>
-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-
Контактирајте го нашиот тим