Железо - минерал со есенцијална важност

доктор на медицина

Железото е минерал во трагови кој е од есенцијална важност за нашето здравје. Овој витален минерал помага во процесот на формирање на хемоглобинот во крвта, во транспортирањето на кислород во клетките, развојот на мозокот и неговата функција, регулацијата на телесната температура и мускулните активности.

Железото е присутно во повеќе видови на растителна и животинска исхрана, како што се: сусамот и житните растенија, спанаќот, сојата, сушените кајсии, црвеното месо, сардините, туната и др.

Недостатокот на железо во организмот го ослабува имуниот систем и може да доведе до главоболка, вртоглавица, несвестица, тахикардија, замор, кршливост на ноктите и косата како и намалена концентрација.

Дополнителното внесување на железо како додаток во секојдневната исхрана е потребно најмногу кај децата, адолесцентите, бремените жени, како и кај лицата со недостаток на железо во крвта (анемија).

Дневни потреби на организмот

Дневните потреби на организмот за овој минерал кои се препорачани од Американскиот Национален Институт за здравје се прикажани во следната табела:

Деца од 7- 12 месеци

11 мг/дневна доза

Од 1- 3 години

7 мг/дневна доза

Од 4 - 8 години

10 мг/дневна доза

Од 9 - 13 години

8 мг/дневна доза

Адолесценти 14 - 18 год. (женски пол)

15 мг/ дневна доза

Адолесценти 14 - 18 год. (машки пол)

11 мг/ дневна доза

Бремени жени

27 мг/дневна доза

Доилки

9 мг/дневна доза

Жени од 19 - 50 год.

18 мг/ дневна доза

Мажи од 19 - 50 год.

 8 мг/ дневна доза

Мажи и жени над 51 год.

8 мг/ дневна доза

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Употреба:

  • За превенција и третман на анемија;
  • При недостаток на железо во организмот кај деца, адолесценти, бремени жени, доилки, вегетаријанци и спортисти.

останати статии од авторот > > >

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 24.03.2012

Последна вест

Најчитани статии - медицина