Вечната загатка за машко-женските пријателства

доктор на медицина

Дали ве сака само како пријателка или има скриени намери кон вас?

Дали маж и жена можат да бидат само пријатели?

Уште од одамна машко-женското пријателство било мета на многу дискусии полемики и спротивставени ставови. Можат ли маж и жена да бидат пријатели, а притоа меѓу нив да не се појави никаква биолошка тензија? Ова ги интересира многу научници, некои од нив магистрирале и докторирале на темата машко-женско пријателство, што укажува дека на оваа тема се воделе многу истражувања.

Позната е поговорката дека жените се паднати од една, а мажите од друга планета и дека се потполно психички и делумно физички различни. Од многуте истражувања и образложенијата кои ги давале научниците, до одговорот дали постои машко-женско пријателство  очигледно многу тешко ќе дојдеме. Машко-женското пријателство започнува нормално како и секое друго пријателство и доколку, останат само “подалечни” пријатели тоа ќе функционира одлично. Но што се случува доколку сакаат да бидат блиски пријатели, дали е тоа можно? Па како одговор на ова прашање нема да можеме да кажеме ништо друго освен зависи. За едно машко и едно женско да бидат само пријатели е нужно и двајцата да го сакаат тоа одлучно. Тоа значи ниту еден од нив да нема скриени намери, но како ќе го знаеме тоа? Овој проблем особено го имаат  жените, тие се плашат да бидат блиски пријатели со еден маж, бидејќи не знаат дали тој има скриени намери кон неа или едноставно ја сака само како пријателка, поточно кажано се плашат да не бидат повредени. Во овој случај сомнежот на жените е целосно оправдан, бидејки бројни истражувања покажале дека многу насилства, силувања, киднапирања па дури и убиства се случиле баш поради тоа што жените  се впуштале во блиско пријателство со еден маж кој пак имал скриени мисли и планови кон неа.

 

Како ќе препознаете дали  мажот што е до вас ве сака само како пријателка или има скриени намери кон вас?

Не постојат прецизни критериуми, но можеби ќе се согласите со некој од следните...

  • Доколку мажот кој го сметате за близок пријател, ви се поверува и често ви кажува што го мачи во животот, некогаш отворено ви кажува за своите проблеми дома, тогаш најверојатно ве гледа  како пријателка, бидејќи, биолошки е мажот пред жената да кажува само пофалби и да ја истакнува својата сила, за да ја шармира партнерката, никако тој нема да покажува слабости кон вас доколку ве глада како негова идна интимна партнерка.
  • Секогаш отворено ви кажува она што не му се допаѓа кај вас и ве советува како тоа да го поправите за да изгледате попривлечна, често може да ви каже дека правата коса ви стои подобро од витканата на пример, овие совети жените често ги толкуваат погрешно, мислат дека со ваквите забелешки мажите ги покажуваат своите скриени намери, но тоа е сосема погрешно. Мажот што навистина има скриени намери кон вас нема да ви дава совети како да изгледате поубаво, што ви стои што не, неговата единствена намера е да се најдете во неговиот кревет, и сите разговори ќе течат во таа насока.
  • Доколку тој постојано ви зборува за неговите авантури излегувања, како и со колку девојки досега спиел, какви автомобили возел, тој со сигурност не ве гледа само како пријателка.
  • Доколку постојано седнува до вас тајно, како ненамерно ве допира често ве погледнува директно во очи, или скришно ве гледа, на пример додека пишувате, со сигурност не ве гледа само како пријателка
  • Доколку секогаш кога ќе го спомнете вашиот дечко, тој ја избегнува темата или молчи и ништо не додава, тогаш тој навистина не ве гледа само како пријателка

 

Како и да е, колку и мажот да ве гледа само како пријателка секогаш ќе постојат одредени тензии помеѓу вас, сепак големината на еден маж се познава, доколку може да одржува блиско пријателство со една жена без притоaда дозволи остриот меч нанагонот да го пробие, бидејки машко-женското пријателство може да ви понуди многу искуства и поволности.

 

Како машко-женското пријателство може да ви биде од корист?

Некои би рекле доколку не ја гледаме жената како жена на биолошки начин, зошто тогаш да ја гледаме единствено како пријателка, дали тогаш го имаме само она што го имаме и со нашиот другар или пријател? Одговорот на ова прашање го истражувале многу научници, а резултатите од истражувањата биле интересни, еве што рекле научниците:

  1. Maжите кои имаат во својот живот блиска пријателка се покажале како многу подобри љубовници со нивната партнеркa
  2. Мажите кои имаат во својот живот бликса пријателка одржуваат постабилна врска со партнерката
  3. Мажите кои имаат во својот живот блиска пријателка се попривлечни и поатрактивни за жените

Но зошто?

Мажите кои имаат во својот живот блиска пријателка имаат можност да ја видат жената од поинаков агол, имаат можност да навлезат во женскиот свет, да добиjат женски совет, индиректно да видат во што уживаат жените, да ја истражат подобро женската психа... Ова е непроценливо искуство за еден маж, некои работи кои може да ги научите од жената како другарка неможете да ги научите  од својата партнерка со која имате интимни контакти...

Сепак се ова е многу сложено бидејќи блискоста со една жена без разлика колку и тие да се сигурни во нивното пријателство нема да биде секогаш добро сфатено од околината, неговата девојка или нејзиниот дечко секогаш во вас ќе гледаат конкуренција, другарите твои или нејзините другарки секогаш во вас ќе гледаат нешто сомнително како и сите останати ваши блиски.

Како и да е, според мене и според многу истражувачи машко-женското пријателство постои и придобивките од него се навистина големи, колку и се да е комплицирано запомнете дека големината на човекот е да го вреднува и одржува вистинското пријателство без разлика дали е помеѓу луѓе од ист или различен пол.

 

Дознајте повеќе за авторот Роберт Николовски

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

 

www.doktori.mk, 16.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил