Пивскиот квасец - најдобар природен извор на витамини од Б-групата

доктор на медицина

Пивскиот квасец медицината го признава како најдобар природен извор на витамини од Б-групата, кои како такви најдобро се апсорбираат во организмот. Пивскиот квасец во себе крие богатство на супстанции корисни за организмот и тоа протеини, повеќе од 18 аминокиселини, јаглехидрати, витамини и минерали (хром, селен и бакар).

 

Најважна карактеристикана пивскиот квасец е неговата висока содржина на витамини од Б група (Б1, Б2, Б6, биотин, ниацин, фолна киселина), кои го регенерираат нервниот систем, ја подобруваат функцијата на црниот дроб и ја помагаат правилната работа на срцето. Пивскиот квасец е одличен против анемија и го подобрува имунитетот.

 

Б витамините помагаат во разложувањето на јаглехидратите, мастите и протеините, кои му даваат енергија на телото, и со тоа се борат против заморот. Тие исто така го помагаат и нервниот систем, им помагаат на мускулите кои учествуваат во дигестијата (помага при состојби на дијареа (особено предизвикана од Clostridium difficilе и Кронова болест) и ги одржуваат здрави кожата, косата, очите и црниот дроб.

 

Докажано е дека пивскиот квасец им помага на луѓето кои имаат проблеми со спиењето, што се должи на присуството на ниацин и витамин Б6, кои помагаат во продукцијата на серотонинот, хемиска материја во мозокот која е одговорна за мирен сон.

 

Каде наоѓа примена?

  • Физичка и ментална исцрпеност;

  • За подобрување на апетитот, посебно кај децата;

  • За подобрување на дигестијата (ги отстранува мачнината и тежината во стомакот);

  • Артериосклероза;

  • Со своето природно антибиотско дејство го неутрализира штетното дејство на бактериите;

  • Ја прави кожата здрава и сјајна, но помага и во лекување на акните, егземите, воспаленијата и инфекциите;

  • Го подобрува квалитетот на косата и ноктите и го забрзува нивниот раст и регенерација.

  • Помага во регулирањето на нивото на шеќерот во крвта кај дијабетичарите

 

 

 

повеќе за авторот >>>

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 20.03.2012

Последна вест

Најчитани статии - исхрана