Доктори.мк | Како да ја вратите навиката за вежбање | kako-da-ja-vratite-navikata-za-vezbanje | Портал за медицина и здравје

Како да ја вратите навиката за вежбање

Голем е бројот на луѓе кои од разни причини и изговори ја запоставуваат физичката активност за време на зимскот период.
Еве неколку совети како полесно да си ја повратите навиката за вежбање во периодот што доаѓа.

 

1. Не прекинувајте ја серијата во почетокот 

Најлесен начин некоја активност да премине во навика е таа да се практикува редовно без прекини. 
Потребен е поголем труд за да се поврати рутината после долга пауза.
 

2. Не се форсирајте

Доколку немате вежбано подолго време, бидете задоволни со тоа што сте активни.
Немој да форсирате со тежини или истрчани километри. Практикувате ја редовно рутината и ќе дојде време кога ќе може да се пофалите со издржливоста и резултатите.
 

3. Останете доследни 30 дена

Првиот месец, обидете се да вежбате секој ден барем по 20 минути. 
Тоа ќе ви помогне таа рутина да ви стане навика и ќе ја зголеми вашата физичка кондиција.
 

4. Направете го вежбањето забавно

Ако не уживате за време на вежбањето, многу е потешко тоа да ви премине во навика.
Доколку сметате дека кревањето тегови или трчањето се здодевни за вас, на интернет може да најдете многу други програми и вежби кои го ќе ги задоволат вашите желби.
 

5. Планирајте го вежбањето во пасивен период од денот

Немој да го планирате вежбањето во период од денот кога е голема веројатноста да ви излезе друга работа и тоа да биде одложено.
Најсоодветни периоди се покажале вежбањето да биде веднаш по завршувањето на работниот ден или наутро како прва активност од денот.
 

6. Најдете си другар

На почетокот, доста мотивирачки би влијаело доколку имате друштво. Побарајте некој другар или другарка што имаат желба за вежбање како и вие.
 

7. Создадете ритуал

Вежбањето треба да стане интегриран дел од вашето секојдневие, така што ќе го чувствувате како ритуал.
Тоа значи во одреден период од денот треба да помислувате и да ви се појавува желба за вежбање.
Затоа е важно да имате стандарден термин.
 

8. Ослободување од стресот

Вежбањето е одличен начин за ослободување од стресот. Го стимулира лачењето на ендорфин, а со тоа вилијае на подобрување на расположението.
Ако досега не сте пробале, следниот пат кога ќе се чувствувате напнато пробајте да го надминете тоа со вежбање.
 

9. Вежбајте за вас, не за да импресионирате со резултатите

Ако единствената цел на вежбањето ви е да изгледате одлично, тоа е исто како да почнете бизнис само со цел да заработите пари.
И во двата случаи веројатноста за успех е многу поголема доколку уживате и верувате во процесот колку тој и да е бавен или напорен.
Вежбајте за да се чувствувате подобро, да имате повеќе енергија и физичка кондиција, останатите резултати ќе си дојдат со време.
 

10. Повторете

Прочитајте ги преходните 9 совети повторно, земете ја спортската опрема и право на вежбање :)
 
Доколку немате идеја како да почнете, погледенете го овој тренинг претходно објавен на нашиот портал: 15 минути тренинг за цело тело
 
 

 
 
 
www.doktori.mk, 17.03.2012

Последна вест

Најчитани статии - животен стил