Алфа липоична киселина - пријател на здравиот организам

доктор на медицина

Алфа липоична киселина (АЛА) е природен антиоксидант кој што ги неутрализира слободните радикали во телото и ги заштитува клетките од оксидативно оштетување и стрес.

 

Пушењето, дишењето на загаден воздух и пржената храна се едни од изворите на слободни радикали. Оваа антиоксидантна киселина е присутна само во неколку видови на храна: во спанаќ, брокули, компир и органско месо.

Во Европа АЛА веќе со години се користи за прочистување и одржување на здравото функционирање на црниот дроб, а во многу случаи помага и за неговото оздравување доколку веќе бил оштетен или интоксициран. Бидејки алфа липоичната киселина директно делува на поддржувањето на детоксифирачките функции на црниот дроб, таа се користи за третманот на пациенти со радиоактивни труења, труење од печурки, алкохолен хепатитис, хроничен хепатитис, за третманот на нервни оштетувања предизвикани од дијабетес и сл. Таа е способна молекуларно да се сврзе (хелира) со тешките метали и затоа се користи за детоксификацијата од труење со тешки метали. АЛА може да помогне во елиминацијата на токсичните ефекти од анестезијата, аналгезијата или другите лекарства што се користат при операциите и исто така да ги намали постоперативните болки.

Алфа липоична киселина лесно се апсорбира во крвотокот и е од огромна помош кај лица со дијабетес бидејки ја забрзува елиминацијата на глукозата (шеќерот) од крвта.Таа има многу позитивни ефекти и кај лица со претрпен мозочен удар, Паркинсонова и Алцхајмерова болест. АЛА е од витална важност за создавањето на енергија во организмот и има уникатно дејство со кое ги рециклира витамините Ц и Е и коензимот Q10. Таа исто така има значаен придонес и примена во превенцијата од малигни заболувања и го намалува растот на канцерогените клетки.

повеќе за авторот >>>

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 17.03.2012

Последна вест

Најчитани статии - фармација