Откриjте го вашиот индекс на телесна тежина - body mass index

магистaр по кинезитерапија при мускулно-скелетни дисфункции

Дебелината е медицинска состојба при која вишокот на масно ткиво е зголемен до степен кој предизвикува негативно влијание врз здравјето и доведува до намалување на животниот век или зголемување на здравствените проблеми. Причините за зголемувањето на тежината се најчесто надворешни – зголемена внес на храна и внес на висококалорична храна, недоволна физичка активност , но може да бидат и внатрешни причини – некои ендокрини заболувања и генетските фактори.

Намалена подвижност, главоболка, лесно изморување за време на физичката активност, намалена работна способност, поспаност се само неколку од поплаките на луѓето со зголемена тежина. Дебелината не поштедува ниту еден систем во телото на човекот- го нарушува дишењето, подвижноста на белите дробови и дијафрагмата. Срцето работи засилено и тоа има негативно влијание врз целосниот крвоток и крвниот притисок. Останати проблеми може да бидат нарушена моторика на цревата, зголемен црн дроби појава на дијабет тип 2. Дебелината влијае и врз мускулно-скелетниот систем - се јавува болката во зглобовите, деформациите на рбетниот столб, намалена подвижност .

Дебелеењето според Broca се дели на 4 степени:

  • I  степен - нормална телесна тежина или зголемување од 10-30%,
  • II степен - зголемена тежина 30-50%,
  • III степен - зголемена тежина од 50-100% и
  • IV степен над 100%.

За определување на нормалната телесна тежина се користат различни начини. Еден од најчесто употребуваните, поддржан и од светската здравствена организација е индексот на телесна тежина - body mass index.

 

                                              Тежина (кг)

 Body mass index =    ----------------------------

                                                Висина (во метри)²

 

Светската здравствена организација ја препорачува следната табела:

 

Категорија

ИТТ - BMI (кg/м²)

Потхранетост

<18,5

Нормална тежина

18,5 – 24,9

Зголемена тежина

25,0 – 29,9

Обезност I класа

30 – 34,9

Обезност II класа

35– 39,9

Обезност III класа

Над 40

Пример за пресметување на индексот на телесна тежина

тежина 75 кг и висина 186 см

                                             75

                        BMI = --------------------- = 21,682

                                           1,86 ²

останати статии од авторот >>>

авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување

www.doktori.mk, 09.07.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил