Акупресура – третирање на забоболка

дипломиран физиотерапевт, специјализант за рехабилитација во хирургија, ортопедија и трауматологија

Забоболката претставува вид на болка која речиси сите ја имаат почувствувано. Од посебно значење за смирување на болката е акупунктурната точка која е лесно достапна.

Одредување на акупунктурната точка

Оваа точка лежи на показалецот, на страната кон палецот. Доста е лесно да се одреди оваа точка: се повлекува една линија по должина на основата на ноктот, а другата линија по аголот на ноктот од страната на палецот. Овие две линии се сечат под прав агол па врвот на тој агол ја одредува потребната точка.

 

Се врши притисок на показалецот на онаа рака на чија страна се наоѓа заболениот заб (пр: при чувствување болка на левата осумка, се врши притисок на левиот показалец).

 

Нормално дека овој третман нема да го излечи кариесот или забниот абсцес, но сепак ќе ја намали болката додека стигнете до Вашиот матичен стоматолог.

 

-авторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Останати статии од авторот>>>

www.doktori.mk, 07.03.2012

Последна вест

Најчитани статии - стоматологија