Среќата го подобрува здравјето

Ново истражување открива дека среќата и другите позитивни емоции играат уште поважна улога во здравјето отколку што претходно се веруваше. Истражувачите откриле дека кога среќните луѓе ќе заболат од вирус или ќе настинат, тие презентираат и се жалат на помалку симптоми. Всушност, истите се со помала веројатност и воопшто да се заразат од вирусот.

Посреќните луѓе имаат помала можност да заболат од настинка

Оваа неодамнешна студија го потврдува претходното сознание од страна на Шелдон Коен, професор по психологија на Карнеги Мелон Универзитетот. Коен откри дека луѓето кои се среќни, полни со оптимизам, смирени и покажуваат други позитивни емоции, имаат помала веројатност да настинат кога ќе се изложат на респираторен вирус од оние кои се понегативни во животот. Во оваа студија, Коен изјавува дека кога среќните луѓе настинуваат, истите помалку се жалат на симптоми кои би се очекувало да ги имаат.

Сепак, истражувањето остави отворена можност дека поголемата отпорност на заразните болести меѓу посреќните луѓе, можеби и не се должи на среќата, туку на други карактеристики кои често се поврзани со известување позитивни емоции, како што се: оптимизам, екстровертност, имање цел во животот и самодоверба.

Според Коен, од резултатите на истражувањето треба да се сфати сериозно можноста дека позитивните емоции и среќата се многу важни како ризик фактори за заболувањата.

Среќните луѓе, кога ќе се заразат со вирус, покажуваат помалку симптоми

Во најновото истражување, во период од неколку недели беа интервјуирани волонтери со цел да се оцени нивното расположение и емоционалните стилови, а потоа истите беа заразени со риновируси или вирус на грип. Волонтерите беа ставени во карантин и пратени кои од нив ќе дадат симптоми на настинка и грип. Ова беше истиот метод кој Коен се го применил во претходната студија, но со додавање на инфлуенца вирусот.

 

 

www.doktori.mk, 03.03.2012

Последна вест

Најчитани статии - животен стил