Доктори.мк | 7 совети за одржување на здрави заби во текот на бременоста | 7-soveti-za-odrzuvanje-na-zdravi-zabi-vo-tekot-na-bremenosta | Портал за медицина и здравје

7 совети за одржување на здрави заби во текот на бременоста

доктор по стоматологија
Oрдинација по општа стоматологија "Дентико" - Скопје

Зголеменото ниво на хормони во текот на бременоста доведува до појава на големи промени во организмот, а голем број од нив ја зафаќаат и усната празнина. Сепак, со редовна и правилна хигиена и со професионална нега од стоматологот, забите на трудницата можат да останат здрави во текот на целата бременост.

 

Еве неколку совети кои, се надевам, ќе им помогнат на сите трудници:

 

1. Четкајте ги забите најмалку два пати на ден, со паста за заби која содржи флуор.

 

2. Доколку се појави крварење од гингивата, не престанувајте со четкање, купете помека четка за заби и продолжете со редовно четкање на забите.

 

3. Ако четката или пастата за заби ви предизвикува нагон за повраќање, купете четка со помала глава, не ја отварајте силно устата при четкањето и променете ја пастата за заби. Може да се обидете да слушате музика додека четкате и со тоа да го насочите вашето внимание на музиката и да заборавите на непријатното чувство кое ви се јавува при четкањето. Ако не помага и тоа, обидете се да четкате со затворени очи и да се концентрирате на дишењето, па така да го одвлечете вниманието од нагонот за повраќање.

 

4. Не четкајте ги забите веднаш по повраќање. Нека помине извесно време, бидејќи киселината која се јавува после повраќањето во комбинација со четката ја оштетуваат глеѓта. После повраќање исплакнете ја усната празнина со вода, а забите исчеткајте ги за саат време.

 

5. Испирајте ги забите со течност за испирање на усната празнина која содржи флуор.

 

6. Користете конец за заби или интердентална четка, кои ќе ви го олеснат чистењето на просторот помеѓу забите.

 

7. Четката за заби менувајте ја на секои два до три месеци.

 

Во текот на бременоста најмалку два пати посетете го вашиот стоматолог.

 

 

Останати статии од авторот>>>

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 21.02.2012

Последна вест

Најчитани статии - стоматологија